Toyota ќе стартува со продажба на новиот водороден автомобил во декември

Toyota Mirai · Toyota ќе стартува со продажба на новиот водороден автомобил во декември

Лани на салонот во Токио беше претставена новата генерација на Toyota Mirai, со погон што исто така се вбројува меѓу видовите електричен погон, со таа разлика што место скапа и тешка батерија, тука енергијата се црпи од мал резервоар со водород. Многу детали околу техниката во новиот модел останаа во тајност, сето тоа ќе биде познато во последниот месец од годината.

Новиот Toyota Mirai ќе изгледа сосем различно од претходникот. Додека тековниот модел има остри рабови и го дели стилот со Prius, без премногу возбуда во изгледот, наследникот ќе има многу поубедлива појава, со елегантна линија и долга силуета.

Во самиот водороден погон нема што да се менува, затоа што главниот момент кај овој погон се одвива во таканаречената горивна ќелија, во којашто атомите на водород се разложуваат на позитивно наелектризирани јони на водород и негативно електризирани електрони. Единствено првите можат да минат низ мембраната во горивната ќелија, додека електроните мораат да се движат по посебно коло – создавајќи електрична енергија за напојување на електромоторот.

https://photos.app.goo.gl/rGhCdgn39h7mjgcU8

Toyota ниту при повторното прикажување на претсериската верзија во почетокот на годинава не објави технички детали што ќе посведочат за постигнатиот напредок во самата погонска техника и во контролната електроника. Тоа ќе се смени во декември.

Досег над 600 километри и полнење на резервоарот со водород за 5 минути

Главната разлика кај новиот модел е во тоа што место преден погон, Toyota Mirai користи заден погон. Лимузината со сé уште егзотичниот погон ќе ја користи и платформата TNGA, што исто така ќе придонесе за подобрување на динамиката и за уживање во возењето. За досегот може да се очекува вредност над 600 километри. Клучната предност е во полнењето. Место да се чека со часови да се наполни батеријата, кај Toyota Mirai се доволни само пет минути да се наполни резервоарот со водород.

https://photos.app.goo.gl/nGEGjm4eQhBZZouQ8

Јапонскиот производител деновиве најавува брза изградба на мрежа од станици за точење водород, со поддршка на јапонската влада. Од актуелната генерација на Mirai се произведени повеќе од 10.000 примероци.

https://photos.app.goo.gl/6nhijvV8N2fYusSP7

>>> Полицијата во Берлин воведува ред со Toyota Mirai на водород

Претходна објаваSkoda Octavia е автомобил на годината според Auto Express
Следна објаваVW Golf GTI Clubsport со копче за Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here