за

VW Golf GTI Clubsport со копче за Нирбургринг

Со 300 КС, новиот Golf GTI Clubsport е најсилната моделска изведба во тековната GTI-гама. Новина е вмреженото подвозје, коешто поседува и посебна програма за Нирбургринг.

Volkswagen Golf GTI Clubsport 8

Продолжува да расте семејството на Volkswagen Golf 8. Во гамата веќе се нудат GTI, GTE и GTD, сега е на ред за следниот врв во понудата од спортски модели, со новиот Golf GTI Clubsport. Оваа моделска изведба се појави првпат во 2016 година, за одбележување на 40-годишнината на Golf GTI. Моќноста од 300 КС оди во комбинација со подвозје, во коешто има вредна новина.

Со премиерата на новиот Golf GTI Clubsport се пишува уште едно поглавје во долгата историја на Golf. Моделската изведба со 300 КС е нов топ-модел на осмата генерација на Golf GTI. Со усовршен турбо-бензинец, со комплетно вмрежено подвозје, и првпат со профил за возење што се води како „Nürburgring“, Golf GTI Clubsport сака да постави нови мерила во категоријата на спортски автомобили со преден погон.

Golf GTI Clubsport е усовршен во бројни детали. Главните дотерувања се во турбо-бензинецот EA888 evo4, кој сега располага со 300 КС и вртежен момент од 400 њутнметри. За оваа моќност да се претвори во врвна возна динамика на тркачка патека, се грижи спортското подвозје коешто поседува нова регулација на возната динамика.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Под вмрежување се мисли на поврзување на електронската симулација на блокада на диференцијал (XDS) со опционалната регулација на амортизерите DCC, што се применува и во стандардниот Golf GTI. Тоа носи значително подобрување на возните својства. Разликата кај Golf GTI Clubsport е во тоа што во оваа спрега првпат се приклучува стандардна електромеханичка блокада на предната оска, којашто работи соодветно на наредбите од системот за контрола на возната динамика.

Со вмрежувањето на сите системи за возна динамика, новиот Golf GTI Clubsport се воси уште понеутрално и попрецизно од класичниот Golf GTI. Програмиравме нов профил ‘Nürburgring’ за легендарната Нордшлајфе, кој ги приспособува компонентите на подвозјето на новиот Golf GTI Clubsport посебно за оваа тркалка патека.

Карстен Шебсдат, раководител за возна динамика, управување и регулациски системи во Volkswagen

На новиот Golf GTI Clubsport веднаш му се забележува дека тркачката патека му е како дома. Предниот дел се разликува од останатите варијанти. Предниот браник во долниот дел изгледа како да е целосно отворен, а повпечатливи се и страничните спојлери. Назад се забележува дводелниот кровен спојлер, што е јасен знак на распознавање на Golf GTI Clubsport. Предниот и кровниот сполјер секако не се само за украс, туку значително го подобруваат потисокот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тркалата стандардно имаат пречник од 18 инчи. Специјален дифузор, каросерија спуштена за 10 милиметри и проширени странични крила даваат дополнителен нагласок на спортскиот карактер. Разлики има и во издувот, со овални место тркалезни издувни цевки, по една на секоја страна.

Недостига еден член во спортското семејство на Golf – со погон на сите тркала и со знак R. Волфсбург веќе тестира прототипи, се шпекулира дека моќноста ќе изнесува околу 350 КС.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Брзинското тројство на Golf: GTI, GTD, но и GTE

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Mirai · Toyota ќе стартува со продажба на новиот водороден автомобил во декември

Toyota ќе стартува со продажба на новиот водороден автомобил во декември

Suzuki LJ10 Jimny 1970

Лозата на Suzuki Jimny: Сé започна со LJ 10 пред 50 години