за

Брзинското тројство на Golf: GTI, GTD, но и GTE

Volkswagen Golf GTI GTE GTD
Volkswagen Golf GTI GTE GTD

Во осмата генерација на Volkswagen Golf уште важи правилото дека е наменет за сите и за секаде, особено кога е под предзнакот на спортското возење. Класичарот Golf GTI, економистот GTD и екологистот GTE заедно ќе ја одбележат својата светска премиера на салонот во Женева.

Volkswagen ги најавува Golf GTI, GTD и GTE за салонот во Женева (од 5-ти до 15-ти март), каде што ова брзинско тројство заедно ќе ја одбележи својата светска премиера. Историјата ја започна Golf GTI пред 44 години, потоа во 1982 година следеше неговиот дизел-пандан GTD, за пред шест години, овој култ да се пренесе и меѓу плагин хибридите.

Волфсбург се фали дека карактерот на Golf GTI останал непроменет низ овие пет неполни децении, но од друга страна, култот на овој модел постојано се надградуваше преку најразлични моделски варијации, почнувајќи од G60 Syncro и Rallye, преку R, до екстремните преработки на тјунинг сцената.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот GTI користи дволитарски TSI со 245 КС и максимален вртежен момент од 370 њутнметри. Како опција за шестстепениот мануелен менувач стои DSG со седум степени. Не е случајност тоа што и плагин хибридната изведба GTE ја постигнува истата системска моќност, преку комбинацијата од 1,4-литарски TSI, електромотор со 115 КС и шестстепен DSG. Системскиот вртежен момент тука достигнува 400 њутнметри.

Кој ќе победи во продажната трка меѓу трите спортски изведби на Golf: GTI, GTD или сепак е време да презеде плагин хибридниот GTE

Главното прашање сепак е околу досегот. Тој е продолжен благодарение на новата литиум-јон батерија и изнесува 60 километри. Батеријата е за 50% поголема во споредба со претходникот, со 13 kWh. Само со погон од електромоторот, Golf GTE може да постигне 130 km/h.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во дизел-репрезентативецот Golf GTD работи дволитарски TDI со 200 КС и 400 њутнметри. Заради натамошно органичување на емисијата на азотни оксиди, овој дизел користи два сериски поврзани катализатори SCR (Selective Catalytic Reduction = селективна каталитичка редукција). Дизелот во триото стандардно вози со седумстепен менувач со двојка спојка.

New item by Automedia MK / Google Photos

Диодните предни светла се стандард. Исто како што црвената лајсна во маската е традиционално обележје на GTI, така лајсната е во сина боја кај GTE и во сребрена боја кај GTD. Две диодни лајсни по целата ширина ја нагласуваат оваа линија. На тој начин се создава препознатливост во појавата на секој модел во триото. Моќно изгледа и големата решетка на долниот отвор за воздух, со крупен растер и шема на саќе.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

 

Спортскиот волан располага со сензорски полиња за ракување со функциите. Трите сребрени краци остануваат, со посебен печат кај секоја моделска изведба: Средишниот крак кај GTI е облагороден со црвена површина, односно е во сина боја кај GTE и сребрен во GTD. Останува и традиционалната каро-мустра на седиштата. Дизајнот е видоизменет и се нарекува Scalepaper – повторно во познатата шема: Штепот и шарата во мустрата се во црвена воја во GTI, во сина во GTE и во сребрена боја во GTD.

New item by Automedia MK / Google Photos

Volkswagen Golf 8 започнува со продажба во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

пешачки премин америка запирање

Студија во САД: Возачи на скапи коли не запираат за пешаци

Макпетрол станица Битола реновирана

Макпетрол целосно ја обнови станицата за горива во Битола