Пакетот системи за асистенција што се вградува во Mercedes GLE победи со 174 бодови, што е 87% од максималниот број бодови, во конкуренција со девет модели од различни класи. Системот за полуавтоматско возење во марката со ѕвездата победи на тестот на системи за асистенција на Euro NCAP и против споредливите системи во други два модели од премиум сегментот.
Во Mercedes GLE се вградува пакет системи за асистенција што располагаат со повеќе функции, кои овозможуваат полуавтоматско возење и во секојдневието можат вистински да го растоварат возачот во бројни ситуации. Најмодерни системи предупредуваат при опасност од судир, но се способни и сами да преземат итно запирање, доколку судир е неизбежен.
Конзорциумот Euro NCAP посебно нагласува дека притоа станува збор за системи што соработуваат и му помагаат на возачот, место да му ја одземаат контролата. Активниот асистент за управување, на пример, може да помогне при управувањето во свијоци.
При брзина до 130 km/h, системот може да управува самостојно и доколку линиите не се видливи јасно. Автопилотот е посебно корисен при возење во колона или при застој на патот. Возачот во секое време може да ја преземе контролата.
Токму поради овие својства, Mercedes-Benz GLE доби највисоки оцени и прво место во категоријата за „Driver Engagement“. Луксузниот СУВ се пласираше меѓу најдобрите на тестот и во категоријата „Vehicle Assistance und Safety Backup“, во којашто се оценува техничката ефикасност на системите.
>>> Како новиот Mercedes GLE стана „танцувачкиот автомобил“

















