Белгискиот завод за статистика изброил дека на 1-ви август годинава, во земјата имало вкупно 5.888.589 регистрирано патнички автомобили. Пред една година, возниот парк броел 5.889.210 автомобили. Во апсолуитни рамки, станува збор за минимално намалување од само 0,01 процент.
Тоа можеби изгледа безначајно на прв поглед, но при подетална анализа се покажува дека разлиакта е многу подрастична. Во последните десет години, возниот парк во Белгија секоја година се зголемувал во просек по 1,27 процент. Од втората светска војна, бројот на патнички автомобили досега се нема намалено.
Иако автомобилите со дизел мотор учествуваат со многу висок удел во вкупниот возен парк, бројот на дизел автомбоилите се смалил за 6 проценти во споредба со лани. На 1-ви август годинава, во земјата сепак имало регистрирано 2.815.755 дизели. Со удел од 47,8 проценти, нивната бројност е незначително помала во споредба со автомобилите со бензински мотор (48,3 проценти). Од сите автомобили што сообраќаат по белгиските патишта, само 0,4 процент се целосно електрични.
Белгија брои 11,46 милиони население (2019 година). Соодносот меѓу бројот на возила и жители е приближно еден автомобил на секои два жители.
















