Audi го претвора стакленичкиот гас CО2 во карпа

Audi го претвора стакленичкиот гас CО2 во карпа

Уредот на годишно ниво ќе пречистува 4.000 тони јаглероден диоксид и под земја ќе го претвора во минерали. Со технологијата Direct Air Capture се извлекува јаглеродниот диоксид од околниот воздух и назад во атмосферата се враќа воздух пречистен од СО2. Новиот уред што Climeworks го постави на Исланд го пренесува СО2 што е извлечен од воздухот под површината на земјата, каде што истиот природно минерализира. На тој начин, гасот што е одговорен за глобалното затоплување трајно се отстранува од атмосферата.

Предноста на технологијата што ја користи Climeworks е во тоа што системот може според скалест принцип да достигне капацитет од неколку мегатони годишно и со тоа поседува огромен потенцијал за иднината.

Исланд е избран како идеално место за овие процеси. Поради вулканското потекло, земјата е меѓу најмоќните геотермални подрачја на планетата. Топлината на земјата дозволува нејзино евтино и речиси СО2-неутрално претворање во електрична енергија. Покрај тоа, карпите на Исланд имаат идеален состав за акумулирање голема количина СО2.

Концернот Volkswagen до 2025 година ќе го намали еколошкиот отпечаток на своите патнички автомобили и доставни возила за 30% во споредба со нивото од 2015 година. Тука е опфатен севкупниот процес, вклучувајќи го производството или потеклото на користената енергија. До 2050 година, германскиот концерн треба да стане целосно СО2-неутрален.

>>> Audi поставува пластични острови во Ротердам

Audi ostrovi Roterdam

Претходна објаваVolvo планира половина од продажбата да биде онлајн по 2025
Следна објаваОсум генерации на Volkswagen Golf GTI во знак на Денот на независноста

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here