Шведскиот производител на автомобили Volvo, денес стана сопственик на Upplands Motor, дилерска мрежа со седиште во Стокхолм, а воедно презеде и 100% од акциите на дилерската мрежа Bra Bil. Целта е овие две компании да се вклучат во сопствената продажна мрежа Volvo Bil.
Преку спојувањето со двете компании, Volvo Cars ќе воведе технолошки промени во продажбата на домашниот пазар. Целта е да се создаде сеопфатно онлајн/офлајн искуство заедно со своите партнери. Искуството што ќе биде стекнато на домашниот пазар ќе се користи понатаму за усовршување на идниот бизнис модел.
Менаџментот во Volvo Cars цени дека купувачите сакаат при купувањето и сервисирањето на своите возила да го имаат истото модерно и едноставно искуство како во останатите бранши. Традиционалниот начин на продажба функционираше со децении, но како водечка автомобилска марка во Шведска, Volvo сака да се смени со цел подобро да излегува во пресрет на барањата на клиентите во идниниа.
Клиентите на Volvo наскоро ќе можат едноставно да се префрлуваат меѓу онлајн и офлајн, што ќе им заштеди време и пари, затоа што голем дел од процесот на купување ќе се одвива онлајн. Тие ќе можат и лично да го посетат салонот или сервисната работилница кога ќе имаат потреба.
>>> Тест: Volvo XC60 D4 AWD Geartronic

















