Mercedes започна со тестирање на претсериските примероци од новиот SL Roadster по јавни патишта. Вообичаено темелните тестирања водат до продолжението на поглавјето за моделот што е темел на марката со сребрената ѕвезда, исто колку S-Class.
Веста за влегувањето на новата генерација на SL во завршната фаза од тестирањето не пристига како вообичаено од Штутгарт, туку од Афалтербах. Таму е седиштето на спортската и ексклузивна марка Mercedes-AMG. Логиката води точно. Новиот SL е дизајниран, развиен и раководен од спортската марка на Daimler, исто како суперспортскиот GT и неговата варијанта со четири врати GT 4. Соодветно на тоа, SL Roadster ќе се води како модел на Mercedes-AMG, место како досега на Mercedes-Benz.
Ова преместување на надлежностите се навраќа на историјата на марката со сребрената ѕвезда, на поглавјето на првиот Mercedes SL од 1952 година. Овој модел ги постави темелите на учеството на Mercedes во модерниот мотоспорт, а тој во исто време важи и како едно од највпечатливите стилски обележја на марката. На целата автомобилска сцена, исто така.
Сосем е извесно дека SL преоѓа од елегантен и луксузен крстосувач без покрив во динамичен и надмоќен модел во портфолиото на Mercedes-AMG. Тестовите во редовен сообраќај следат по обемна дигитална фаза од развојот, по исцрпувачки тестови за механиката на пробни валци и во симулатори. Дел од завршната фаза на динамичните тестови ќе се одвива во кругот на сопствениот центар за тестирање и технологија во Имендинген, а дел по јавни патишта.
https://photos.app.goo.gl/TauvUPVoLmokoYFR8
https://photos.app.goo.gl/8hpDrDx5uXD7zrdF7
https://photos.app.goo.gl/Gz6kQYdodsx74H2i8
Mercedes SL: Возило од соништата за посебните моменти во двојка

















