Компанијата Volta Truck ќе го претстави својот електричен камион Volta Zero на онлајн-настан на 3-ти септември. Тоа е прв камион со електричен погон, што е развиен посебно за достава на пакети и дистрибуција на стока во подрачјето на градовите.
Камионот со погон на струја Volta Zero е пред својата светска премиера по три години од основањето на компанијата. Од Volta Trucks ценат дека големо возило со нулта емисија за достава на пакети и дистрибуција на производи во централното градско подрачје ќе биде од корист за компаниите од подрачјетона логистиката, но и за жителите во градовите.
Volta Zero спаѓа во категоријата до 16 тони, со досег меѓу 150 и 200 километри. Со целосното остуство на штетни материи при возењето, вкупниот број возила што Zero планира да ги продаде до 2025 година ќе ја поштеди животната средина од 180.000 тони СО2 при нивното користење во градовите.
Посебност на Volta Zero е тоа што возачкото седиште е во средина и истото е поставено драстично пониско во споредба со обичните камиони. Тоа се предностите што електричниот погон ги внесува во конструкцијата на камионите. Оваа комбинација му дозволува на возачот многу поголема прегледност додека се движи со возилото низ градскиот метеж.
Првите возила ќе започнат со тестирање во реални услови кај избрани компании во првото тромесечје од 2021 година.
















