Победникот на австриското ГП викендов ќе добие нов BMW M4

BMW M4 Coupe Spielberg

Зачестува појавувањето на новото купе на BMW пред премиерата којашто ќе се случи во следниот месец. BMW M4 Coupe и M4 GT3 позираа на патеката Ред Бул Ринг пред фабричките фотографи. Возилата носеа посебно маскирање на каросеријата, со цел да се задржи неизвесноста околу изгледот на моделот што носи голем култ.

И тоа се важи како светска премиера. Маскирани примероци од BMW M4 и тркачкиот M4 GT3 од претсериска продукција првпат се појавија заедно пред објективите. Локацијата е австриската тркачка патека Ред Бул Ринг, каде што во претстојниот викенд ќе се вози мото-трка за Големата награда на Штаерска во Мото ГП. Производителот од Минхен е главен спонзор на „BMW M Grand Prix of Styria“.

Цивилната изведба на BMW M4 Coupé и неговата тркачка верзија M4 GT3 се развивани паралелно. Поточно е дека GT3 служи како основа за стандардниот M3. Многу од принципите и технологиите во него доаѓаат директно од мотоспортот, од новиот M4 GT3. Истото важи и за лимузинската изведба M3, со којашто купето M4 ќе има заедничка премиера во септември. Двете верзии на „бесно“ веќе се подразбираат во понудата на „М доо“ (M GmbH). Стандардната изведба ќе постигнува 480 КС и ќе користи 6-степен мануелен менувач, а покрај неа ќе постои и модел Competition, со 510 КС и со 8-степен менувач M Steptronic со Drivelogic.

https://photos.app.goo.gl/pVjiR2RRHixA73qd6

Срцето на секој М секако дека е моторот. Во М4 и М3 работи нов шестцилиндарец во линија, со M TwinPower Turbo и со концепт на високи вртежи. Моторот целосно е развиван според принципите од мотоспортот. Од тоа од една страна ќе профитираат приватните тимови што ќе го користат M4 GT3 во најразличните GT-тркачки серии, но секако дека ќе уживаат и возачите на M4 во секојдневието.

https://photos.app.goo.gl/brNyb4AGQ6oV1j5p9

Од 2022 година, BMW M4 GT3 ќе го замени BMW M6 GT3 како топ модел за приватните тркачки тимови. Тој се вози уште од 2016 година и веднаш победи на 24 часа Спа, за две години подоцна да постигне и двојна победа на белгиската маратонска патека.

Минхен има убава вест и за победникот на мото-трката што од 21-ви до 23-ти август ќе се вози на Ред Бул Ринг. Тој ќе добие ексклузивен примерок од комплетно новиот BMW M4 Coupe.

>>> BMW M3 првпат ќе се нуди во комби изведба Touring

https://www.instagram.com/p/CEHPqdDJwVf/

Претходна објаваБританија ќе дозволи автопилотирани возила по автопатиштата
Следна објаваVolta е прв електро-камион посебно наменет за достава на пакети

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here