Властите во Велика Британија планираат веќе од следната година да дозволат користење на функциите на автопилотираното возење по автопатиштата во земјата.
На сопствениците на автомобили што поседуваат соодветна техника ќе им биде дозволено да пуштат автопилотот самостојно да го управува возилото. На „компјутерот“ ќе му биде дозволено целосно да го управува возилото по бавната лента на автопат.
Повеќе производители планираат во следните модели и моделски генерации да ја вградуваат техниката што во одредени ситуации може целосно да го замени возачот. Во моментов, техниката само му помага на возачот кога треба да се подзапре при побавно возило напред, а импресивно функцонира и следењето на лентата, дури и во свијоци, но техниката се исклучува во моментот кога возачот ќе го отпушти воланот.
Според новите сообраќајни закони, Велика Британија ќе дозволи овие автомобили да се движат со 70 милји на час, односно 110 километри на час. Радарите, ласерите, камерите и најразличните сензорски системи самостојно ќе ги вршат маневрите, како забрзување и сопирање, или управување во свијоци.
Британските власти сакаат земјата да биде прва што ќе ги препознае предностите на техниката и ќе ја одобри нејзината примена по патиштата во земјата
Проблем се законските одредби. Како и вообичаено, кога станува збор за автопилотираното возење, прашањето е на кого ќе падне одговорноста во случај на незгода: На возачот или на автомобилот, односно на компанијата што ги има развиено системите за автономно возење?
Министерката за сообраќај Рејчел Маклин од конзервативната партија го има следниот став: „Автоматизираната техника може да направи возењето да биде побезбедно, потечно и поедноставно за возачите, а Обединетото Кралство треба да биде првата држава што ќе ја препознае оваа корист и ќе ги поттикне производителите да ја развиваат и тестираат новата техника.“
Автомобилските клубови и производителите на автомобили реагираа со одушевеност на владините планови. Другите страни стравуваат дека техниката уште не е доволно созреана да се користи во редовен сообраќај.
>>> Mercedes ќе користи автопилотски систем од Nvidia

















