Шефот на германската железница нема кола и не лета

Шефот на германската железница нема кола и не лета
Др. Ричард Луц (горе л.) и вработените ги прикажуваат новите работни костуми во Дојче Бан

Шефот на управниот одбор на германската железница, Ричард Луц, се откажа од службениот автомобил. „Јас исто така не сум еко-светец, но ги ставив моите ставови за мобилноста на проверка“, соопштува менаџерот. Тој веќе неколку години не користи службени летови. „Годинава советот на семејството Луцреши повеќе да не го користи правото на службен автомобил.“

Автомобилот што Железницата му дозволи да го користи и во приватни цели, според објавите на Луц на неговиот профил на Linkedin, досега ретко се возел. За три години се поминати само 9.000 километри. Во гаражата повеќе нема ниту еден автомобил.

Луц цени дека јавноста по корона-кризата ќе стане повеќе свесна за климатските промени. Обврска е на сите да мислат на тоа. Железницата има централна улога во достигнувањето на климатските цели. За движење низ Берлин, петчленото семејство Луц и натаму се потпира на велосипедскиот превоз.

>>> Зошто Германската Железница ги бојадисува шините бело

https://www.instagram.com/p/CDjBvS6qThp/

Претходна објаваЕлектричната Škoda Enyaq воведува нов дизајн на светлата
Следна објаваТоп 5 Најдобар избор на компактен СУВ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here