Пијан возач во Тексас заврши во базен

Пијан возач во Тексас заврши во базен

Возењето под дејство на алкохол обично повлекува сериозни последици. Некогаш околностите се грижат таквите возења да завршат „безбедно“. Еден возач во САД заврши во базен и со тоа беше спречен да продолжи со возење. Но, покрај тоа што остана без возило, ќе мора да плати и отштета.

Додека веста предизвикува бројни коментари и по малку смеа на друштвените мрежи, човекот што пијан заврши со својот автомобил во базен во градот Арлингтон, Тексас, сигурно има најмалку причини за смеа. Прво, тој повеќе нема да ја вози својата јапонска лимузина со култен статус меѓу американските возачи. Неговиот автомобил е Mitsubishi Lancer, кој општо како модел стекна култен статус со појавувањето на фамозните Evo-изведби во серијалот „Брзи и бесни“. Од тоа што може да се забележи на фотографиите, не се работи за ретката и ценета верзија, туку за класичен Lancer, но тоа пак не го менува фактот дека автомобилот е уништен.

Според локалната полиција, возачот бил под силно дејство на алкохол, кога при вечерната тура загубил контрола врз возилото, го пробил ѕидот и низ задниот двор влетал во куќниот базен. Возачот излегол од црвениот Mitsubishi неповреден, за кусо време потоа да пристигне полицијата да направи увид во необичниот случај.

Покрај тоа што остана без автомобилот, на пијаниот градинарски возач ќе му биде изречена и солидна казна, прво поради предизвиканата материјална штета, а второ поради самото возење под дејство на алкохол.

Претходна објаваОгнениот камионџија во Кина доби нов камион од производителот
Следна објаваMercedes Sprinter излегува од четири фабрики на три континенти

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here