Kia Stinger сега боде посуптилно

Kia Stinger освежување
Освеженото моделско годиште на Kia Stinger

Kia ги објави првите слики од освеженото моделско годиште на Stinger, коешто дополнително ги нагласува динамичниот стил и карактер на спортската лимузина. Промените во внатрешноста се направени главно во насока на натамошно подигнување на впечатокот за квалитет. Сопствениците на новото моделско годиште на Stinger ќе имаат и поголем избор од бои и материјали.

Бројни, но суптилни измени се извршени и во изгледот на каросеријата и во кабината. Надворешните промени внесуваат нова свежина во изгледот, а воедно се нудат и повеќе можности за дотерување на каросеријата со разни функционални и стилски додатоци. Внатрешноста е освежена со цел престојот во кабината да се направи уште попријатен, со неколку зафати во дизајнот, со поквалитетни материјали и со нов инфо-забавен систем.

Карим Хабиб, постар потпретседател и раководител на Kia Global Design коментира: „Stinger проектира елеганција и удобност, а исто така и одлична намена за возење на долги патеки. Новиот модел се базира на дизајнот на gran turismo автомобил што го воведовме пред три години. Тој е модерен, со суптилна агресија што го нагласува неговото присуство на патот. Внатрешноста, исто така, е подобрена и новите дизајнерски елементи и технологии вклучени во Stinger ги потврдуваат неговите ингеренции за беспрекорен grand tourer“.

Модернизиран и мускулест надворешен изглед

Во предниот дел на Stinger и натаму доминира маската во облик на тигарски нос. Светлата се нови, со повпечатлив изглед на дневните LED светла. Основата на светлата е потемна, со цел да се нагласи високата технологија со којашто располага лимузината. Светлата се во исто време развлечени наназад, како кај брзите италијански купеа.

https://photos.app.goo.gl/mm8S4eNAwW8oHrSW8

На задниот дел, новата светлосна комбинација прикажува нов стил, протегајќи се по целата ширина на автомобилот и следејќи ја формата на суптилниот спојлер што е интегриран во поклопецот. Новите трепкачи се состојат од 10 посебни LED-сегменти, распоредени како целно знаме на трките.

Кабина со нов избор на бои и подобрен екран на инфозабавниот систем

Додека основата на кокпитот на освежениот Stinger останува непроменета, удобната кабина со простор за пет патници прикажува неколку суптилни додатоци. Овие визуелни и материјални надградби се дизајнирани со цел да се постигне полуксузен амбиент.

https://photos.app.goo.gl/zVVaTc5GE77WPjzA9

Во зависност од нивото на опрема, арматурната табла и вратите се обложени во нова комбинација од бои, додека на централната конзола се наоѓаат алуминиумски или карбонски панели. Со двете варијанти се нагласува спортскиот карактер на кабината. На сето тоа е додаден и новиот екран на инфозабавниот систем кој е со пречник од 10,25 инчи и поставен е на подлога во сјајна црна боја. Кабината исто така има ново амбиентално осветлување, со избор меѓу 64 бои што соодветно ја менуваат атмосферата во кабината.

Новиот Kia Stinger ќе започне со продажба во Кореја во текот на тековниов квартал. Продажбата на останатите пазари ќе стартува подоцна. Kia наскоро ќе открие повеќе детали за освежениот Stinger, вклучувајќи ја обновената понуда од мотори и новите технологии.

https://photos.app.goo.gl/4LGCoeDaqG4Goyw37

>>> Kia Sorento стартува на германскиот пазар од 41.500 евра

Претходна објаваKia Sorento стартува на германскиот пазар од 41.500 евра
Следна објаваСé за новиот Toyota Yaris: Технички детали, премиери, хибрид

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here