Извршниот директор на Ford, Џим Хакет (65) ја напушта својата позиција во екот на трансформацијата на американскиот производител на автомобили и во една од неговите најтешки деловни години. На неговото место, од 1-ви октомври стапува оперативниот директор и поранешен европски шеф Џим Фарли (58). Оваа генерациска смена се очекуваше веќе подолго време.
Американскиот производител денес објави во Детроит дека Хакет заминува во пензија. Ford засега не наведе образложение за смената. Хакет ќе биде активен како специјален советник во концернот до март 2021 година. Деталите ќе бидат објaвени подоцна при конференција за медиуми што ќе се пренесува онлајн.
„Особено сум му благодарен на Џим Хакет за сé што тој постигна за модернизацијата на Ford“, изјави шефот на надзорниот одбор Бил Форд. За време на раководењето на Хакет, Ford заживеа „нова визија на производи“, којашто досега од електричниот Mustang Mach-E, до новиот пикап F 150 и од американскиот СУВ-модел Bronco.
Хакет: Горд сум на постигнатото
Фарли подолго време важеше како сигурен наследник на Хакет. Тој уште претходно раководеше со оперативниот бизнис на автомобилскиот концерн како оперативен директор. Фарли е вистинскиот избор на менаџер и во поглед на продлабочената соработка меѓу Ford и концернот Volkswagen, затоа што е добар познавач на европскиот пазар и има раководено со повеќе кооперациски проекти.
Хакет застана на челото на Ford во мај 2017 година. Како поранешен шеф на производител на канцелариски мебел, автомобилските експерти искажуваа големи критики за неговиот избор. Вео февруари, Хакет го постави Џејмс Фарли на позицијата на шеф на оперативниот бизнис на Ford. Тоа беше своевидна најава за претстојната смена.
Ford поставува 750 полначи за струја во фабриките во Келн

















