Надал и во следните пет години амбасадор на Kia

Надал уште пет години амбасадор на Kia
Надал уште пет години амбасадор на Kia

Kia како главен партнер на Австралиското отворено првенство во тенис ја продолжи соработката со Рафаел Надал за следните пет години. Тениската ѕвезда ја објави веста преку пренос од неговиот тренинг на својата страница на фејсбук.

Со сегашното продолжување на договорот, соработката меѓу Надал и Kia ќе надмине период од 20 години. Автомобилскиот производител првпат го спонзирираше Рафа како млад тениски феномен во 2004 година. Две години подоцна, Шпанецот стана светски амбасадор на марката Kia, на свои 19 години.

Преносот од Академијата на Рафаел Надал во неговата родна Мајорка имаше единствена замисла, со тоа што фановите во реално време му задаваа задачи на тенисерот во рамките на #GetRafaMoving. Преку емо-симболи, фановите имаа целосна контрола врз сесијата и гласаа за тоа што сакаа тенискиот суперстар да изведе за време на тренингот. Секако, дека фановите најмногу бараа Рафа да ги изведе своите прочуени тениски трикови.

Kia ме подржува уште од мои 17 години и одигра важна улога во мојот развој како професионален тенисер и како личност. Со возбуда очекувам да видам што ќе донесат следните пет години на теренот и надвор од него

Рафаел Надал, за соработката со Kia

Партнерството меѓу Kia и Рафа трае 16 години, во кои истото инспирираше милиони лица да започнат да играат тенис. Преносот во живо се одвиваше во петокот на 24-ти јули, а снимката е достапна на каналите на Kia на социјалните мрежи.

https://www.instagram.com/p/CC3V7KuBVmV/

https://www.facebook.com/Nadal/videos/777766539698800/

 

 

 

Претходна објаваВо новиот Seat Leon се вградуваат 16 антени
Следна објаваХибриден Џез во салонот на Хонда

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here