Renault Twingo ќе вози на струја, цена 25.000 евра

Renault TWINGO ELECTRIC Vibes
Renault TWINGO ELECTRIC Vibes

Renault во септември стартува со нарачки за новиот електричен модел во својата понуда. Станува збор за Twingo, кој во верзијата со погон на струја може да предизвика големо раздвижување на сцената, исто како што во тоа успеа првата генерација на ова прочуено моделско име.

Специјална серија со нова каросериска боја и посебни детали во надворешноста и во кабината ќе го одбележи пристигањето на новиот електричен модел на Renault. Серијата Twingo Z.E Vibes се базира врз топ-нивото на опрема Intens и ќе има впечатлива појава со ексклузивната нова боја што се води како валенсија-портокалова. Предната маска има детали во бела боја, а во истата боја се и алуминиумските бандажи од 16 инчи.

Како младешки модел, на задните врати се наоѓаат ленти во неколку бои, во контраст со избраната каросериска боја. За електричниот погон сведочи мотивот на задното десно крило, што е поставен над приклучокот за полнење и симбилизира батерија. Француските стилисти додаваат и монограм Vibes на страничната лајсна.

Дисплејот од 7 инчи во кокпитот има нова функција соодветно на електрчниот погон на Twingo Z.E. На дисплејот се прикажуваа достапноста на полначите во близина во реално време и воедно се пресликува паметниот телефон. Седиштата се обложени со ексклузивнна комбинација од кожа и платно, со портокалови акценти.

Електромоторот со моќност од 60 kW (81 КС) е вграден назад. Батеријата од 22 kWh дозволува реален досег до 190 километри во комбинирано возење, односно до 270 километри во град. Техниката за полнење Chameleon Charger е преземена од шампионскиот Zoe.

Twingo Z.E. е меѓу осумте електрични и 12 електрифицирани модели што групацијата Renault ќе ги претстави до 2022 година. Понудата од електрични модели моментно се состои од Renault Zoe, од доставниот Kangoo Z.E, транспортерот Master Z.E и двозедот Twizy. На тоа следат уште малечкиот City K-ZE во Кина и лимузината RSM SM3 Z.E. на посестринската марка Renault Samsung Motors во Јужна Кореја.

Испораките ќе стартуваат кон крајот на годината, засега е објавена цената за германскиот пазар, кадешто специјалната воведна серија Vibes ќе чини 25.667 евра, не вклучувајќи ја субвенцијата во висина од преку 9.000 евра. Стандардната изведба ќе чини 24.165 евра на тамошниот пазар. Подоцна ќе следат верзии со пониско ниво на опрема и соодветно подостапна цена.

https://www.instagram.com/p/CC_H_xkhxbS/

 

 

Претходна објаваMercedes eVito на струја е интересен за фирмите
Следна објаваBugatti за 30.000 евра, нерегистриран и брз 20 km/h

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here