Над половина милион олдтајмери регистрирани во Германија

Mercedes W 124 35godini
Mercedes W 124 35godini

Бројот на возила постари од 30 години, кои во Германија се регистрирани како олдтајмери, првпат надмина половина милион примероци. „Авто-нацијата“ во последниот период се интересирала најмногу за два модели од Volkswagen и Mercedes.

Бројот на возила во Германија што се регистирани како олдтајмери и имаат специјални регистерски ознаки, првпат надмина половина милион примероци. Според прецизните и вешти статистичари во земјата, на 1-ви јануари годинава имало регистрирано 525.968 патнички автомобили што се постари од 30 години. Една година претходно, бројот на овие возила изнесувал 474.516, што значи дека за една година тој се зголемил за 11 проценти.

Неколку години наназад рапидно се зголемува бројот на олдтајмери во земјата и во меѓувреме е двојно повисок отколку во 2011 година, кога во земјата имало 208.319 возила со H-регистрација. Уделот на овие возила во вкупниот германски возен парк сепак е незначителен, со околу еден процент.

Најмногу се зголемил бројот на Volkswagen Transporter T3 и на Mercedes W124

Не е изненадување тоашто повеќе од две третини од возилата со H-регистрација потекнува од домашните марки, со вкупно 353.369 возила. Потоа следат олдтајмери од САД, Англија и Италија, кои одделно учествуваат со помалку од десет проценти.

Најчест олдтајмер е Volkswagen Beetle (Käfer на германски). Од марките, прв е Mercedes-Benz со 127.112 регистрирани олдтајмери. По него следат Volkswagen (101.197), Porsche (34.975), BMW (25.831) и Opel (24.069 автомобили).

Најголем раст има кај моделите на VW и Mercedes. Уделот на VW T3 во споредба со претходната година се зголемил за 51%, односно бројот на возила со H-регистрација се зголемил од 6.291 на 9524 примероци. Сличен е порастот и кај еден јангтајмер, кај серијата W124 на Mercedes, чијшто број пораснал за 49% на сегашни 10.135 примероци. Трет модел за кого што има најголем раст во интересот е серијата 3 на BMW, со 30% зголемување и вкупно 8.419 примероци.

Специјалната регистрација што завршува со „H“ (History) дозволува олдтајмерите да сообраќаат и во зоните во коишто смее да се пристапи само со возило со одредена еуро-норма за издувни гасови. Покрај тоа, за овие возила се плаќа и повластена даночна стапка, конкретно 191 евра. Олдтајмерите во Германија се ценат како културно наследство. Услов е возилото да биде постаро од 30 години и да е во непроменета и негувана состојба.

>>> Како каросеријата на олдтајмерите се заштитува за „цел живот“

Претходна објаваManhart цени дека Mini е најдобар со 350 КС
Следна објаваСеријата модели Ford Connect достапна во кросовер-изведба

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here