за

Серијата модели Ford Connect достапна во кросовер-изведба

Ford Tourneo и Transit достапни во кросовер-изведба
Ford Tourneo и Transit достапни во кросовер-изведба

Двата модели од серијата Connect на Ford ќе го привлечат вниманието на возачките и возачите што бараат автомобил со универзална применливост, вклучувајќи и повремени излети по терен. Ford Tourneo Connect Active и новиот Ford Transit Connect Active спојуваат каросериски детали во стилот на теренските возила, со зголемено растојание од подлогата, а по желба и диференцијал со механичка блокада. На тој начин се добива универзален автомобил што преку ден е работно возило, а преку викенд е добар семеен пријател за излети во природа или за спортски авантури.

Двата модели следат по неодамна претставените Active-варијанти во гамата на поголемиот модел Ford Custom. Редовните цени за Transit Connect Active на германскиот пазар почнуваат од 28.072 евра, односно од 31.548 евра за Tourneo Connect Active.

Комфорниот Tourneo Connect Active се базира на верзијата со кусо меѓуоскино раастојание (2.662 mm, должина на каросерија 4.425 mm) и се нуди само во верзија со 5 седишта. По него следи Grand Tourneo Connect Active со меѓуоскино растојание од 3.062 mm и должина од 4.825 mm, кој е достапен и со седум седишта. Двата модели имаат по една лизгачка врата од секоја страна и одговараат за излети со пријатели или со семејството.

За корисници на коишто им е потребно лесно доставно возило за работа или приватно, прв избор е Transit Connect Active. Овој модел исто така е достапен во две верзии со различно меѓускино растојание и со две различни вредности на носивоста (до 907 kg). Товарниот простор е преграден, а во кабината има две или три седишта. Во сериската опрема спаѓа дводелна задна врата.

На избор стојат две верзии на 1,5-литарскиот дизел, едната со 100, другата со 120 КС, со мануелен менувач или со 8-степен класичен автоматик. Посилната варијанта може да се испорача со диференцијал со механичка блокада, по примерот на Ford Fiesta ST, Ford Focus ST и Ford Focus RS. Диференцијалот е развиен во соработка со специјалистот Quaife и овозможува поголема тракција при возење надвор од асфалт. Предноста е во тоа што без блокада, во случај да пролизгува едно тркало, возилото обично заглавува во место – со блокадата, поголем дел од вртежниот момент на моторот се испорачува до тркалото што во моментот има подобра тракција

За возење по умерен терен е доволно и зголеменото растојание од подлогата за 24 милиметри напред, односно девет милиметри назад.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes W 124 35godini

Над половина милион олдтајмери регистрирани во Германија

Volkswagen доби нов директор за производство Кристијан Фолмер

Volkswagen доби нов директор за производство