Во првото полугодие Kia постигнала раст од 9,5% во продажбата на СУВ-модели на пазарот во САД. Салонската продажба во јуни била незначително под резултатот од лани, иако во летниот месец недостигаа неколку клучни модели.
Kia на пазарот во САД во јуни продала 47.870 возила на приватни купувачи, што е за еден процент помалку во споредба со истиот месец лани. Резултатот е уште поубедлив, бидејќи е постигнат без големиот СУВ-модел Telluride и уште неколку клучни модели за пазарот. Марката имаше уште еден повод за славење во минатиот месец. Kia се најде на првото место во анкетата на J.D. Power, за задоволството на американските клиенти од возилата во првите 90 денови по испораката.
Sorento беше најпродаван модел во понудата на Kia на американскиот пазар, додека Sportage забележа историски рекорд за јуни. Вкупно во првото полугодие, марката продала близу 305.000 возила на големиот пазар.
„И покрај пандемијата, побарувачката за понудата на Kia од светска класа, како што е Telluride, остана исклучително висока. Доколку се спореди со бројот на работни денови во месецот, продажбата на Kia за приватни купувачи постигнала раст од близу 6 проценти во споредба со лани,“ изјави Бил Пефер, заменик директор на продажба за американскиот ограник на Kia Motors. „Подготвени сме да го отвориме следното поглавје во нашата моделска приказна, со пристигањето на сосем новиот K5, кој наиде на одличен прием во медиумите досега, а возачите веќе се распрашуваат кога ќе биде достапен моделот,“ дополнува менаџерот.
Со седиште во Ирвајн, Калифорнија, Kia Motors America е официјален автомобилски партнер на НБА и во земјата има мрежа од близу 800 дилерски претставништва, како и фабрика во Вест Поинт, Џорџија, од каде што излегуваат Telluride, Sorento и изедбите на Optima со класичен погон.
Продажба на Kia на пазарот во САД до јуни 2020 година
|
Јуни |
Година |
|||
|
Модел |
2020 |
2019 |
2020 |
2019 |
|
Rio |
1,706 |
2,038 |
11,747 |
12,446 |
|
Forte |
6,260 |
9,337 |
39,444 |
48,413 |
|
Optima |
5,732 |
11,090 |
38,825 |
50,469 |
|
Cadenza |
65 |
130 |
670 |
763 |
|
Stinger |
1,527 |
1,345 |
6,351 |
6,921 |
|
K900 |
23 |
35 |
125 |
209 |
|
Soul |
7,439 |
8,886 |
34,041 |
55,583 |
|
Niro |
1,185 |
2,200 |
8,252 |
11,942 |
|
Seltos |
3,636 |
N/A |
14,078 |
N/A |
|
Sportage |
8,021 |
6,789 |
39,618 |
40,075 |
|
Sorento |
8,193 |
7,570 |
37,796 |
47,018 |
|
Telluride |
2,864 |
5,989 |
25,376 |
23,227 |
|
Sedona |
1,219 |
1,392 |
7,014 |
7,778 |
|
Вкупно |
47,870 |
56,801 |
263,337 |
304,844 |
Kia Sorento стартува со производство во Кореја

















