Ducati произведува мотоцикл од 100.000 евра

Ducati произведува мотоцикл од 100.000 евра
Ducati произведува мотоцикл од 100.000 евра

Во фабриката на Ducati во Борго Панигале започна производството на Superleggera V4. Супербајкот со цена од 100.000 евра ќе се изработи во серија од 500 примероци и единствен мотоцикл е во светот, со рамка, вилушка и бандажи од карбон, што може да се користи во редовен сообраќај. Серискиот број на секој мотоцикл е гравиран на главата на управувачот и на контакт бравата.

Секој примерок од Superleggera поседува тркачки кит. Во него спаѓаат издув од титаниумска легура од Akrapovič за тркачка патека, отворен карбонски капак на спојката, карбонска облога на вилушкатасо титански „Slider“, резервен кит за предното и задните светла, кит за демонтажа на држачот за регистерска таблица и кит за демонтажа на страничниот потпирач, исто како и потпирач за на трка, анализатор на податоци од Ducati и тркачки капак на резервоарот. Тежинскиот сооднос на мотоциклот со V4 со моќност од 234 КС на тој начин се смалува на 1,54 КС на килограм. Без течности, Ducati тежи под 160 килограми.

Мотоциклот се испорачува во дрвена кутија изработена по мерка. Покрај тоа, купувачите добиваат репродукција на V4 во размер 1:10 како и посебно изработена облека, заедно со воздушна перница. Клиенитите имаат и можност да го тестираат Panigale V4 R од светското првенство во супербајк на тркачката патека во Мугело. Триесет сопственици ќе добијат и пристап на „MotoGP Experience“ и ќе можат да ја извозат патеката со Desmosedici GP.

https://www.instagram.com/p/CBikzNhogWJ/

Претходна објаваMercedes ќе користи автопилотски систем од Nvidia
Следна објаваBMW прв воведува отклучување преку iPhone

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here