Mercedes-AMG E 63 се подготви за втората половина од моделскиот век. Најмоќната изведба во гамата ги применува новитетите што неодамна ги доби класичната E-Class, но во исто време става уште посилен нагласок на тоа што е посебно за AMG. Како и досега, E 63 доаѓа во стандардна верзија и во S-верзија со уште поголема моќност. Покрај каросериските промени и новитетите во инфо-забавните системи, моќната лимузина доби и ново подвозје, коешто се грижи за повеќе комфор.
Со потенките диодни светла и со новата панамерикана-маска, носот на E 63 потсеќа на спортската купе-лимузина AMG GT. Новата маска и преработениот преден браник го подобруваат ладењето, а во исто време го намалуваат и отпорот на воздух, од 0,32 на сегашни 0,30. Уште една промена во изгледот е украсната лајсна, што се протега по целата ширина на браникот. Таа може да биде во боја на каросеријата или да биде сребрена, црна или од карбон.
Назад има нови, потенки светла во два дела. По пример на предниот дел, тука исто така има украсна лајсна, која што е впуштена во преработениот дифузор и води околу издувните цевки. Има избор од два пакети со карбонски елементи. Дел од моделското освежување се и новите бандажи, како и трите дополнителни бои во палетата.
Главната промена во внатрешноста е тешко да се превиди. Спортскиот волан со двојни хоризонтални краци има впечатлив дизајн. На него се наоѓаат сензорските полиња за ракување со дигиталните инструменти, со инфо-забавниот систем, темпоматот и телефонијата. Кај верзијата S има и два тркалезни сателити за избирање на програмите за возење. Рачките за менување на степените на пренос се поголеми и поставени се пониско. Системот MBUX со два споени дисплеи од по 10,25 инчи сега се стандард и во E 63. Верзијата S има дисплеи поголеми за два инчи.
https://photos.app.goo.gl/H1d3RwpYxbX5sP4w5
Во техниката, најголеми промени претрпе подвозјето. Вградени се помеки гумени лежишта, а трикоморната пмевматска амортизација доби приспособливи амортизери. Тоа ќе овозможи повисок возен комфор. Исто како досега, за подвозјето може да се бира меѓу комфорна, спортска и нагласено спортска програма. Разликите меѓу одделните програми сега се чувствуваат поизразено.
На предната и задната оска работат композитни сопирачки дискови со пречник од 360 милиметри, односно 390 милимтри кај E 63 S. како опција се испорачуваат керамички сопирачки дискови со уште поголем пречник.
https://photos.app.goo.gl/h7R9MQuHVpsdWuvw6
Во моторот нема промени. Мократа спојка што се грижи за тркачки стартови и за кусо менување на степените не се поднесува со електромотор, така што инженерите на AMG не презедоа електрификација на погонската спрега, како што беше случај со моделското освежување на стандардната E-Class.
Моторот е четирилитарски V8 битурбо со 571 КС и 750 њутнметри во E 63, односно со 612 КС и 850 њутнметри во E 63 S. Посилната изведба сега може без доплата да вози до 300 km/h, додека стандардната Е 63 и натаму е ограничена на темпо 250. Спринтот на посилната верзија трае 3,4 секунди, стандардната изведба доцни само една десетинка. Деветстепен автоматик и погон на сите тркала се подразбираат во двете варијанти. Новитет е можнсот да се нарача пакет „AMG Dynamic Plus“ и за основната изведба.
https://photos.app.goo.gl/v4FmWD3b64SbFU6i9
Цените за германскиот пазар уште не се објавени, се претпоставува дека E 63 ќе чини околу 3.000 евра повеќе, односно 114.000 евра, додека за E 63 S ќе бидат потребни околу 125.000 евра. Mercedes ќе започне со испорака кон крајот на годината.
https://www.instagram.com/p/CBtNdSNikHz/
Турбината во Mercedes-AMG работи на струја

















