Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин: „Почнете да возите на струја“

Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин „Почнете да возите на струја“
Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин „Почнете да возите на струја“

Специјалниот салон на концернот Volkswagen во германската престолнина Берлин ги зајакнува активностите што ја придружуваат тековната изложба насловена „START TO DRIVE ELECTRIC“. Еден од автобусите што сообраќаат на линијата со број 100, најпознатата автобуска линија во Берлин, во следните неколку недели ќе вози брендиран во дизајнот на изложбата. Линијата минува покрај најважните знаменитости во градот, меѓу кои и салонот на концернот, кој се води под името Drive.

Постојка на линијата 100 се наоѓа директно пред Drive, што дополнително ќе ги поттикне патниците да ја погледнат понудата на концернот. Целта е севкупната јавност да биде запознаена со изложбата на Volkswagen.

Облепувањето на автобусот траело осум часови. Тој во меѓувреме вози по седми пат за евент-салонот Drive во Берлин. Линијата 100 е создадена како прва автобуска врска по соединувањето на Источен и Западен Берлин. „Препознатливиот и симпатичен двокатен автобус во Берлин за нас е совршен почеток на чекорите во рамките на ‚START TO DRIVE ELECTRIC‘“, изјави Лиане Шајнерт, директорка на салонот Drive на концернот Volkswagen.

START TO DRIVE ELECTRIC“ е изложба посветена на електромобилноста, отворена за посетители меѓу 11 и 18 часот, со сеопфатни информации за полнењето и досегот, за одржливоста, дизајнот и чувството во возењето.

Електричниот Volkswagen ID.3 стартува со испорака во септември

Претходна објаваJaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата
Следна објаваMercedes-AMG E 63 со 612 КС и со комфорно подвозје

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here