за

Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата

Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата
Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата

Jaguar Land Rover во следните неколку недели ќе решава кои модели ќе бидат отстранети од понудата на компанијата. Воедно ќе се испитува и исплатливоста на марката Jaguar.

Британскиот производител на автомобили Jaguar Land Rover е пред тешка одлука. Како што објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на изјави од врвни менаџери во индискиот концерн Tata Motors, на когошто му припаѓаат двете британски марки, во следните недели ќе се решава кои модели ќе бидат отстранети од понудата. Ќе се разгледуваат и постоечките стратешки планови, со цел да се смалат трошоците.

Шефот за финансии во Tata Motors, П.Б. Балаџи, во телефонска конференција со инвеститорите наговестил дека прво ќе се почека извесно време, да се види дали глобалната продажба ќе се стабилизира по корона-кризата, па потоа ќе се донесуваат соодведни одлуки. „Не сакаме да ја утврдиме нашата долгорочна стратегија врз основа на новински наслови“, цитира Ројтерс. „Решението ќе има влијание врз нашата работа во следните три или четири години.“

Минатата деловна година, што заврши во март, Jaguar Land Rover забележа загуба од 470 милиони евра. Корона-кризата и последувателното преполовување на продажбата ѝ донесоа на компанијата дополнителен трошок во висина од 660 милиони евра. Jaguar Land Rover имаше огромна загуба уште во деловната 2019 година и мораше да воведе строга програма за штедење.

Се оценува исплатливоста на марката Jaguar

Посебно ќе се испитува дали воопшто е исплатлива марката Jaguar. „Тоа не е лесна задача. Jaguar е реномирана марка, но на некои пазари таа не е силна како што се надевавме“, им изјавил Балаџи на инвеститорите. Тим под раководство на шефот за продажба и маркетинг Феликс Бројтигем ќе го испитува позиционирањето на Jaguar и ќе решава околу промените со кои ќе се зајакне имиџот на марката.

Jaguar Land Rover во периодот од јануари до мај продал 57.657 возила во Европа, наспроти 105,510 возила во истиот период лани. Тоа е пад од 45,4 проценти. Помалку на европскиот пазар продаваат единствено Мazda и Honda.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Автобуси возат на водород добиен од отпад

Автобуси возат на водород добиен од отпад

Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин „Почнете да возите на струја“

Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин: „Почнете да возите на струја“