Општините во Германија во минатата година собрале 50 милиони евра од наплата на патарина за камиони. Политичарите во земјата бараат средствата да се вложат како што е законски пропишано, во подобрување на магистралната патна мрежа.
Од неколкуте милијарди евра што биле наплатени на име на патарина за камиони по германските патишта во минатата година, на општините во земјата ќе им припаднат 50 милиони евра. Баварската престолнина Минхен имала најголема наплата и за тоа ќе добие 4,4 милиони евра. Веднаш потоа е главниот град Берлин со 4,2 милиони евра, а на третото место е пристанишниот град Хамбург со 3,5 милиони евра.
Патарината за камиони почна да се променува на сите магистрални патишта во Германија на 1-ви јули 2018 година. Оттогаш од приходот профитираат и некои општини. Вкупната наплата на патарина за камиони во Германија лани достигнала 7,5 милијарди евра.
Дел од политичарите во земјата се залагаат за средствата да се користат за законски предвидената намена, односно за подобрување на сообраќајната мрежа од магистрални патишта. Тие напоменуваат дека постојат градови во коишто локалните политичари не се запознаени со овој извор на средства за општината. Градските советници мораат да внимаваат, за овие средства да не се втопат во буџетот на градовите.
















