Фабриките на Porsche мируваа шест недели поради корона-пандемијата. Директорот за производство Албрехт Рајмолд ќе го надоместува кусокот во продукцијата преку дополнителни работни смени во саботите.
Спортската марка Porsche ќе ги надомести возилата што пропушти да ги произведе додека фабриките мируваа поради корона-кризата. Во матичната фабрика во Цуфенхаузен, во близина на Штутгарт, ќе се работи и во следните десетина саботи. Директорот Рајмолд изјави за германските медиуми: „Секако дека сакаме да надоместиме колку е можно повеќе возила“.
Производството во фабриките на Porsche мируваше шест недели, а продолжи во почетокот на мај, откако заврши процедурата за обезбедување заштита за вработените, но и откако повторно беше воспоставен синџирот на испорака на компоненти од добавувачите.
Дополнителни смени ќе се воведат и во фабриката во Лајпцих, но таму се земаат предвид помалку работни саботи. Од средината на август, Porsche во оваа фабрика ќе ја подигне продукцијата како што беше планирано уште пред кризата, и од две смени, понатаму ќе се работи во три смени дневно.
Porsche пред 50 години победи првпат на Леман

https://www.instagram.com/p/CBN_TvQg1yB/
















