Фабриката на Tesla во Берлин ќе проработи веќе годинава

Фабриката на Tesla во Берлин ќе проработи веќе годинава
Фабриката на Tesla во Берлин ќе проработи веќе годинава

Изградбата на фабриката на Tesla во близина на Берлин напредува со бурна динамика. Веќе се прават споредби со брзината со којашто напредуваше фабриката за електрични автомобили во Шангај. Се претпоставува дека Гига Берлин ќе почне да произведува веќе годинава.

На калифорнискиот специјалист за електрични автомобили никако да му успее да ги „испочитува“ плановите. Прво, компанијата на Илон Маск доцнеше постојано со лансирањето на новите модели. Ситуацијата во меѓувреме се смени. Tesla и натаму не ги почитува роковите, затоа што сега е пред нив. Фабриката во близина на Берлин напредува одлично и се претпоставува дека првите автомобили од неа ќе почнат да излегуваат пред крајот на годинава.

Тоа е тема којашто го привлекува вниманието и на највлијателните медиуми што ѝ се посветени на браншата, меѓу кои и Бизнис Инсајдер, кои веста за германската фабрика ја објавија како носечка. Како репер се зема брзината со којашто Tesla ја изгради фабриката во Шангај, Кина. Тогаш минаа само 168 денови од добивањето на конечното одобрение за градба, до излегувањето на првите електрични автомобили од фабриката. За Гига Берлин се очекува да постави нов рекорд во тој поглед.

Tesla применува стандардизација во изградбата на своите фабрики, што му овозможува секоја следна фабрика да ја изгради побрзо и поевтино

Тајната е во тоа што Tesla учи од направеното. На пример, ако на занаетчија за изработка на првото парче му е потребен еден час, за второто ќе бидат потребни 40 минути, за третото уште покусо итн. Tesla применува стандардизација на конструкцијата на фабриките, што значи дека секоја следна фабрика ја гради поевтино и побрзо.

Во споредба со останатите авто-производители, Tesla двапати побрзо ги гради фабриките. На Volvo му беа потребни две години додека проработи фабриката во Јужна Каролина, САД. Volkswagen годинава почна да гради линија за производство на електрични автомобили во постоечката фабрика во Чатануга, Тенеси, исто така во САД. Првите автомобили оттаму ќе почнат да излегуваат дури во 2022 година.

Тоа упатува на заклучокот, дека Tesla не само што воведе револуција со електричниот погон, туку го прави истото и во конструирањето на производствените капацитети. Компанијата на Илон Маск буквално разви машина што изработува друга машина. Промените на калифорнискиот техно-пионер ќе доспеат и до бродоградбата и аеронаутиката.

Tesla планира новата фабрика да ја гради во Тексас

 

Претходна објаваMitsubishi Space Star приватно најпродаван модел во Германија во мај
Следна објаваСмена на врвот на марката Volkswagen, концернот останува под Херберт Дис

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here