Нова прераспределба на надлежностите во раководството на марката и на концернот Volkswagen. Матичната марка Volkswagen од 1-ви јули ќе ја предводи досегашниот оперативен директор Ралф Брандштетер.
Претседателот на управниот одбор на концернот. др. Херберт Дис, досега имаше двојна функција во Волфсбург, затоа што во исто време беше надлежен и за марката Volkswagen. Таа надлежност во иднина ќе му припаѓа на досегашниот оперативен директор Ралф Брандштетер. Целта на ова растоварување за др. Дис е врвот на концернот и на марката да може повеќе да се сосредострочи на тековната трансформација на автомобилската индустрија. Тој и натаму има врвна одговорност над марката Volkswagen, како и над сите марки од таканаречениот волуменски сегмент. Брандштетер стапува на новата функција веќе на 1-ви јули.
„Ралф Брндштетер е еден од најискусните менаџери на компанијата. Тој успешно го водеше Volkswagen како извршен директор во минатите две години и во значителна мерка придонесе во трансформацијата на марката“, изјави шефот на концернот, др. Херберт Дис.
Цел на Volkswagen е до 2025 година да продаде најмалку 1,5 милион електрични автомобили
Volkswagen успешно ја заврши првата фаза од стратегијата Трансформација 2025+ и сега стартува следната фаза. Офанзивата со електричниот погон ќе биде видлива со новите возила по улиците. Целта е до 2025 година да се продадат најмалку 1,5 милион електрични автомобили. Во исто време напредува и дигитализацијата, односно достапноста на нови услуги за возачите и во возилата.
Ралф Брандштетер е роден на 8-ми септември 1968 година во Брауншвајг. По квалификацијата за бравар во Volkswagen во Брауншвајг, тој продолжува со студии по економско инженерство, а почнува да работи во Volkswagen во 1993 година. По повеќе ангажмани ширум светот во набавката за концернот, Брандштетер преоѓа на функцијата на референт во генералниот секретаријат на Volkswagen AG.
Долг е патот до врвот на раководството на Volkswagen
Во 1998 година, тој презема надлежност над набавката на метал за компоненти за подвозјето и за погонот, а во 2003 година станува раководител на проекти за нови возила. Во 2005 година, Брандштетер заминува во Шпанија, каде е главен со набавката за Seat. Во 2008 година, тој станува член на управата на шпанската марка, надлежен за набавки. Две години подоцна следи нова функција, како шеф за набавки на компоненти за екстериер на ниво на концернот.
Од октомври 2015 година, наследникот на др. Дис станува генерално ополномоштено лице на Volkswagen AG. По два месеци е следното унапредување во управата за набавки за марката Volkswagen. На 1-ви август 2018 година, тој станува извршен директор на марката Volkswagen.

















