Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“

Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“
Toyota RAV4 отсега полни батерија и на „штекер“

Јапонската марка со својот хибриден погон направи многу за целата бранша и општо за електромобилноста. Досега се нагласуваше дека хибридот на Toyota е самополнечки. Сега и тој почна да полни, Toyota RAV4 доби плагин-хибриден погон, односно приклучен хибрид. Стартува продажбата во Јапонија.

Тоа што кај повеќето марки беше или уште е револуција, со плагин хибридниот погон, кај Toyota е само обична вест. Револуцијата кај примусот во браншата се случи уште пред повеќе од 20 години, откако започна продажбата на Toyota Prius. Хибридниот погон е основата на целата електрификација што моментно ја зафаќа индустријата на четири тркала. За Toyota беше само обична вежба да ја зголеми батеријата и да додаде приклучок за полнење. Тоа е целата суштина на плагин-хибридниот погон. Нема повеќе филозофија во тоа.

RAV4 во изведба со плагин-хибриден погон беше најавен во неколку пригоди, сега стартува продажбата на моделот во Јапонија. Новиот погон се води како Toyota Hybrid System (THS II) и постигнува системска моќност од 225 kW, односно 306 КС. Спринтот до темпо сто трае само 6,0 секунди. Најимпресивното следи допрво: Со полна батерија, RAV4 PHV може да вози до 95 километри без потреба да се вклучи бензинецот.

https://photos.app.goo.gl/tZXtabRMysNxqhh56

Потоа, литиум-јон батеријата ќе се приклучи едноставно на обична приклучна кутија за струја или на класичен полнач, како кај секој електричен автомобил. Така законите ги водат плагин-хибридите, како електрични автомобили. Со полн резервоар од 55 литри и полна батерија, RAV4 PHEV може да извози 1.316 километри додека повторно има потреба да „нацрпи“ енергија. Според јапонската норма, потрошувачката на гориво при хибриден погон изнесува 4,54 литри на сто километри.

Производството е во Нагакуса, пазарната цел е продажба на 300 примероци месечно, во Јапонија. Цената на основната изведба на тамошниот пазар изнесува 4.690.000 јени (ca. 37.900 евра), додека специјално опремената изведба Black Tone се цени 5.390.000 јени (са. 43.550 евра).

Основни технички податоци за погонот THS II

https://photos.app.goo.gl/SevatMS7YUjP2AGw6

  • Мотор A25A-FXS
  • Зафатнина (cc) 2,487
  • Моќност (kW[КС]/min) 130[177]/6,000
  • Вртежен момент (Nm/min) 219/3,600
  • Електромотор напред, ознака 5NM
  • Моќност (kW[КС]) 134[182]
  • Вртежен момент (Nm) 270
  • Електромотор назад, ознака (E-Four), ознака 4NM
  • Моќност (kW[КС]) 40[54]
  • Вртежен момент (Nm) 121
  • Системска моќност (kW[КС]) 225[306]
  • Батерија Литиум-јон
  • Капацитет (Ah) 51
  • Напон (V) 355.2
  • Вкупна електрична моќност (kWh) 18.1

Новата погонска изведба на RAV4 стандардно располага со приклучок за електричен потрошувач до 1,5 kW (100 волти за Јапонија), за возилото да се користи како извор на струја во случај на природна катастрофа или каква било потреба. Што се однесува до приклучокот за полнење на батеријата, тој се наоѓа на задното десно крило.

Полначи за струја им се достапни на јапонските возачки и возачи на околу 4.200 дилерски локации на Toyota, како и на околу 10.800 јавно достапни станици за полнење во земјата. При користење полнач AC 200 V/16 A, батеријата постигнува целосна наполнетост за 5,5 часови. Далечинското вклучување на климатизацијата преку мобилна апликација е стандард, при што кабината може да се загрева или лади до 20 минути, пред да се седне во возилото.

https://photos.app.goo.gl/ahxhwMKgztBR4EY98

https://photos.app.goo.gl/fuHc6fM9rtXHygaD6

https://photos.app.goo.gl/aGM1xAhMfNXFsd4BA

https://photos.app.goo.gl/piwaCVVfQuLa81rk7

Претходна објаваPorsche пред 50 години победи првпат на Леман
Следна објаваVolvo во мај продал 44.830 автомобили, расте кинескиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here