Поради корона: Седум камп-возила продадени за еден ден

Поради корона Седум камп-возила продадени за еден ден
Поради корона Седум камп-возила продадени за еден ден

Седењето во едно место во долгиот период на ограничено движење поради корона-вирусот, направи бизнисот на мала британска компанија да процвета уште пред разлабавувањето на мерките. За само еден ден, продадени се седум возила за кампување, што не се случило досега.

Компанија за изработка на возила за кампување од Јужен Јоркшир доживува продажни рекорди, додека луѓето во островската држава се подготвуваат за враќање во „новото нормално“ време. Досега не се има случено за еден ден да се продадат седум возила од овој вид, кои не се ниту евтини, ниту пак се купуваат масовно. Рекордот беше поставен во минатата недела, во време додека уште важат ограничувања за движење во земјата. Раздвижувањето на пазарот се случува откако властите најавија скорешно укинување на вонредните мерки.

Расте интересот за купување ново или старо камп-возило во Wellhouse Leisure. Во компанијата со 18-годишно искуство ценат дека тоа се должи на фактот што луѓето ги гледаат возилата за кампување и самото кампување како одлична можност за социјално дистанцирање во следниот период.

Од компанијата соопштуваат: „Социјалното дистанцирање веројатно ќе продолжи и во следните неколку месеци, при што возилата за кампување се одлична можност да се патува изолирано.“ Зголемениот интерес за овие возила, според Wellhouse Leisure, се должи и на тоа што патувањето со авион или крстосувањето со брод ќе се избегнуваат уште извесно време.

Понудата на возила се движи во ценовна рамка од 20.000 фунти за користено возило врз платформа од Toyota, до 55.000 фунти за ново возило за кампување врз основа на Ford Transit Custom.

Проектант на НАСА создава приколки за кампување

Taxa приколки кампување

Претходна објаваАвстрија забрани гласни мотоцикли во Тирол
Следна објаваZF го презеде америкaнскиот производител на сопирачки Wabco

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here