Tesla работи на подостапни батерии со поголем досег

Електрични автомобили Канада, Tesla
Електрични автомобили Канада, Tesla

Tesla уште во текот на годинава ќе започне со вградување на таканаречената батерија за милион милји во својот Model 3 за кинескиот пазар. Со новата батерија, електричните автомобили ќе се приближат уште повеќе до цената и досегот на возилата со обичен погон.

Долго време кружат гласини околу „батеријата за милион милји“ на Tesla, а тие сега добиваат и конкретна потврда. Станува збор за нова батериска техника, којашто ќе има значително подостапна цена и ќе придонесе електричниот погон да стане поконкурентен во споредба со обичните возила со мотор со внатрешно согорување.

Информацијата за новите батерии ја објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на внатрешни извори во компанијата. Батериите што можат да издржат експлоатација од еден милион милји (1,6 милион километри), Tesla ќе почне да ги вградува уште во текот на годинава, во Model 3 што се произведува во фабриката во Шангај за кинескиот пазар. Технологијата е развиена во соработка со кинескиот производител на батерии CATL и во батеријата не се користи скапиот метал кобалт.

Tesla во исто време работи и на воведување на високо автоматизирано производство на батерии, со цел да се намалат производствените трошоци. Новиот процес ќе се користи во фабрики, што според инсајдерските информации, ќе бидат поголеми од гигафабриката на Tesla во Невада.

https://twitter.com/PurplePanda88/status/1263458027207684096?s=20

Tesla објави видео од фабриката во Шангај

Tesla објави видео од фабриката во Шангај
Tesla објави видео од фабриката во Шангај

Претходна објаваКолку чини дополнителната опрема во Bentley?
Следна објаваСледниот Porsche Macan ќе се нуди во верзии на струја и на бензин

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here