Многумина дошле на идејата, да постават шатор и да го испочитуваат полицискиот час мирно и спокојно во природа. Но, законите се јасни за тоа, дека секаков престој на отворено на јавна површина, во време на забрана за движење, претставува прекршок. За времето кога повеќе нема да се прогласуваат овие несреќно именувани „полициски часови“, Toyota има едно интересно возило и подеднакво интересен прибор за кампување.
Без разлика дали станува збор за кутија со прибор за кампување, шатор на покрив или настрешница – сето тоа е достапно за новата Toyota Proace, со важниот додаток City Verso во моделската ознака. Со неколку потези, овој мултифункционалец се претвора во кампер за две лица.
Kутијата за кампување Ququq се состои од фиока со горилник за готвење, две туби со вода, преграда, уште една фиока со термо-кутија, а врз кутијата се наоѓа и преклоплив лежај за две лица.
Опремата може да се нарача преку овластената мрежа на Toyota, ние ја имаме цената за германскиот пазар, кадешто Ququq чини 2.390 евра. Може да се нарача и комплет од маса и две полски столици (99 евра).
Proace City Verso се претвора во комплетен камшер со шаторот на покрив ARB Simpson III со цена од 1.600 евра (исто така важи за германскиот пазар). Таму се добива лежај со површина од 2,40 х 1,40 метар, додека со подигнување на капакот произлегува простор со висина од 1,30 метар.
За заштита од сонце се нуди и настрешница од Sunseeker (со цена од 299 евра). Истиот прибор, плус уште неколку специфични ставки се достапни и за Land Cruiser и уште неколку модели на Toyota.
https://www.instagram.com/p/CAimk8kHWUZ/
https://www.instagram.com/p/B2WIBSACzWb/
















