Возач сакал да прикрие докази за судирот, побегнал со таблиците

Возач сакал да прикрие докази за судирот побегнал со таблиците
Возач сакал да прикрие докази за судирот побегнал со таблиците

Откако удрил во паркиран автомобил, по што настрадале уште два автомобили во редот, еден 26-годишен Германец сакал да ги прикрие доказите за возилото и ги понел регистерските таблици со себе. Нормално дека за полицијата не било проблем да ги открие „трагите“.

Полицијата во германскиот град Диселдорф привела 26-годишен возач, кој уште бил по дејство на наркотици и алкохол, откако претходно уништил неколку паркирани автомобили. Според првичниот увид, возачот доцна во ноќта ја изгубил контролата над возилото и удрил во едно паркирано возило. Од силината на ударот, биле оштетени уште две возила што стоеле напред.

По судирот, возачот добил идеја што веројатно му се чинела генијална во моментот. Тој не само што го напуштил местото на незгодата, туку имал намера и да го прикрие сопствениот идентитет, со тоа што ги откачил регистерските таблици од автомобилот и со нив под рака побегнал од местото.

Целиот случај го следел сведок, што ѝ јавил на полицијата. Прекршителот бил пронајден веднаш. На 26-годишникот му биле измерени 1,5 промили алкохол во крвта. Сообраќајната дозвола му е одземена и започната е казнена постапка. Материјалната штета се цени на околу 60.000 евра.

Претходна објаваFerrari в недела снима нова верзија на „Рандеву“ во Монте Карло
Следна објаваЧетири од 100 автобуси во Европа се електрични

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here