Унгарија издвои 14 мио. € за субвенции за електрични возила

renault zoe vulog
renault zoe vulog

Унгарските власти ќе ја поттикнуваат продажбата на електрични автомобили и мопеди со буџет во висина од 14,3 милиони евра.

Со најмногу 7.200 евра по возило ќе учествува унгарската држава во цената на електричните автомобили со вредност до 31.000 евра. Во случај возилото на струја да биде поскапо, меѓу 31.000 и 43.000 евра, тогаш субвенцијата е помала и изнесува 1.400 евра. Такси компаните исто така ќе имаат интерес да преминат на погон на струја, бидејќи властите ќе им покријат до 55 проценти од цената на возилото.

Мерката се донесува во согласност со Акцискиот план за заштита на климата и животната средина, со цел да се овозможи, електричните возила да бидат достапни за поширок круг купувачи. Соодветно на тоа и субвенциите се повисоки за ценовниот сегмент со кого што се покрива поширок круг купувачи.

Сопствениците на мали бизниси, особено за достава на пратки, ќе можат да набават електрични мопеди, со тоа што државата ќе покрие 55% од набавната цена, во случај таа да се движи меѓу 285 и 2.850 евра.

Поднесувањето на барањата стартува на 15-ти јуни и ќе трае до 1-ви јуни 2022 година, односно до исцрпувањето на издвоениот буџет за таа намена.

Меѓу бројните мерки што се однесуваат на поттикнувањето на електромобилноста во земјата, по 2022 година ќе се дозволуваат само електрични автобуси во градскиот превоз, за што се предвидени уште 10,3 милиони евра.

Претходна објаваНеисправни возила се враќаат на патиштата, предупредуваат Британците
Следна објаваРуските фабрики во април произвеле само 30.000 возила

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here