Инженери од авто-браншата измислуваат помагала во корона-кризата

Инженери од авто-браншата измислуваат нови помагала во корона-кризата
Инженери од авто-браншата измислуваат нови помагала во корона-кризата

Производителите на автомобили, добавувачите на делови за фабриките за автомобили и нивните вработени покажуваат голема креативност и флексибилност во време на корона. Инженери на Continental, на пример, развија додаток за квака што штити од пренесување инфекција.

Volkswagen, Daimler, BMW, Ford и други производители изработуваат заштитни маски, визири и друга медицинска опрема во посебно издвоен простор во своите фабрики. Се произведува за сопствените потреби, но опремата се испорачува масовно и за здравствените институции.

Во фабриката на добавувачот Continental во Руби, Шпанија, околу триесетина лица се придружија на иницијативата „Coronavirus Makers“. Нивна задача е своите знаења и искуства да ги користат за производство на медицинска заштитна опрема. Вработените произведуваат медицински заштитни визири во сопствените станови и на приватни 3D-печатари. Слични мрежи се активни и ширум Европа, Азија и САД – кај нас уште во самите почетоци на кризата беше започната таква иницијатива и истата беше прифатена со масовно поздравување преку социјалните мрежи.

Инженерите на Continental беа креативни и конструираа додаток за квака на врата, што сами го изработуваат на 3D-печатари. Овој додаток овозможува вратите да се отвораат со подлактицата, без потреба кваката да се допира со дланките.

Тоа секако дека е далеку од техничка револуција, но во овие времиња е најважна иницијативата. Некој друг ќе ја искористи оваа идеја и ќе ја примени, можеби и уште подобро.

Претходна објаваЕлектричниот VW ID.3 во Германија ќе се продава „агенциски“
Следна објаваПриведени помошниците за бегството на екс-шефот на Renault Nissan

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here