Volkswagen Crafter одбележува 45-годишнина

Volkswagen Crafter одбележува 45-годишнина
Volkswagen Crafter одбележува 45-годишнина

Volkswagen Crafter одбележува 45 години од премиерата во Берлин, во април 1975 година. Големиот брат на Transporter постигна одличен успех на пазарот, во своите четири генерации.

Volkswagen го разви првиот LT (кусо од Lasten Transporter, односно транспортер на тежок товар) со цел да ја пополни празнината меѓу легендарниот Transporter и тешките камиони. LT беше развиен како доставно возило за сегментот меѓу 2,8 и 3,5 тони. Лесното товарно возило се нудеше со две различни верзии на меѓуоскино растојание, две висини на покрив, во изведба како фургон, комбе, минибус, камион со отворена платформа и во негова верзија со двојна кабина. Во овие 45 години, од четирите генерации се продадоа повеќе од 1,5 милион примероци.

LT: 1975-1996

Вкупна продажба: 470.000

Со цел да се добие повеќе товарен простор, инженерите го вградија моторот над предната оска, со седиштата озгора, додека погонот беше на задната оска. На тој начин, LT имаше за 50% поголем товарен простор од T2 Transporter, иако беше само 33 cm подолг и 20 cm поширок – зафатнината на товарниот простор достигнуваше 7,85 метри кубни.

Како мотори се вградуваа 2,0-литарски бензинец со 75 КС од Audi 100 или 2,7-литарски дисел со 65 КС. Во 1979 година почна да се вградува и првиот 6-цилиндарец на Volkswagen, со зафатнина од 2,4-литри и моќност од 73 КС.

LT2: 1996-2006

Вкупна продажба: 340.000

https://photos.app.goo.gl/oV2oVpasbhm5nCcu9

LT2 беше прв модел од новата марка Volkswagen Commercial Vehicles. Моделот беше развиен во соработка со Mercedes-Benz. Голема предност беа TDI моторите, кои се докажаа како штедливи, моќни и издржливи погонски единици. Во 2002 година, LT2 доби нов дизел од 2,8 литри со 158 КС и 331 Nm, рекорд во сегментот.

Crafter: 2006-2016

Вкупна продажба: 480.000

https://photos.app.goo.gl/kCXP9hde4GKVrYxe7

Заедно со промената на името се смени и целиот концепт на лесниот транспортер. Името беше избрано како асоцијација за „некој што помага“. Највпечатлива изведба беше 4Motion со погон на сите тркала, со зголемено растојание и комплетна заштита на подвозјето. Оваа моделска изведба учестуваше во логистиката на Дакар Рели во 2012 година.

Crafter: 2016-

Вкупна продажба: 260,000 (до крај на 2019)

Актуелниот модел беше конструиран целосно независно од инженерите на Volkswagen Commercial Vehicles, во соработка со клиентите, чиишто забелешки беа земени предвид при развојот на возилото. Првпат се понудија верзии со преден, заден и со погон на сите тркала. Во 2017 година, Crafter беше избран за Ван на годината. Оваа генерација на Crafter се произведува во Полска.

Прочитајте и >>> Volkswagen Caddy: Пет генерации на транспортерот што пренесе пола свет

Претходна објаваВо Европа постојат 298 автомобилски фабрики
Следна објаваKia до април продала близу 7.000 електрични автомобили во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here