Dacia продаде 700.000 возила во Германија

Dacia продаде 700000 возила во Германија
Dacia продаде 700000 возила во Германија

Романската марка веќе 15 години е присутна на најголемиот автомобилски пазар во Европа, на германскиот. Следи уште едно историско одбележување: Dacia во април го продаде 700.000-от автомобил во земјата.

Во јубилејната 2020 година, Dacia има уште една причина за прославување. Во 15-та година откако романската марка во групацијата Renault започна со продажба на германскиот пазар, Dacia го нуди компактниот СУВ-модел Duster и кросоверот Sandero Stepway во специјална серија „Celebration“. Во исто време во понудата се додадени уште две нови верзии што користат автогас: TCe 100 ECO-G и SCe 110 ECO-G. Штедливите и чисти погонски варијанти се нудат по иста цена како бензинските модели со споредлива моќност.

Во почетокот на март, Dacia преку студискиот автомобил Spring го најави својот прв електричен модел. Градскиот СУВ-модел со погон на струја ќе постигнува досег до 200 километри и ќе стартува со продажба веќе в година.

Почетокот до сегашните 700.000 продадени возила во Германија беше во 2005 година, со лимузината Logan. Моделот првично беше замислен да се продава во земјите во развој. Во првата година, новодојденецот се продаде во 2.100 примероци во Германија. До денес, заедно со џин-комбито Logan MCV, продадени се 160.400 примероци во земјата.

Во 2008 година, продажбата се засили со комбилимузинскиот Sandero. Со вкупно 249.100 примероци, тој денес е напродаван модел на Dacia на германскиот пазар.

dacia sandero profil

Најважното освежување на понудата од модели следеше во 2010 година, со пристигањето на Duster, како прв СУВ-модел на марката. Duster oттогаш докажува дека возењето СУВ не мора да е луксуз. До денес во Германија се продадоа 183.200 примероци од Duster. Дури и папата се вози во Duster.

Во 2012 година пристигна Lodgy, како влез во сегментот на компактните ванови. За моделот се решиле 38.900 германски возачки и возачи. Кусо потоа следеше и комбито со повишен покрив Dokker, во патничка и доставна изведба. Неговата продажба достигна 68.900 примероци.

Присетување на една објава од 2018 година >>> Шампион во сенка: Dacia Dokker на автогас и со „попуст“ во серијаDacia Dokker

Претходна објаваМобилна апликација како дигитален тренер на Porsche
Следна објаваFord против птичјиот измет врз автомобилскиот лак

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here