Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo

Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo
Полицијата запрела петгодишен возач, тргнал да купува Lambo

Петгодишно дете се запнало да има Lamborghini и со автомобилот на мајка си се вдало на долго патување. Полицијата го запрела поради пребавно возење.

Сообраќајната полиција во американската сојузна држава Јута, во понеделникот имала необичен случај. Службениците запреле СУВ, зад чиј волан седело петгодишно дете. Неговото возење им станало сомнително на полицајците, првенствено поради тоа што возилото по автопатот се движело со само 50 километри на час. Детето го украло автомобилот на родителите и успеало да стаса до автопатот. Но, таму престанала неговата авантура. Полицајците го вратиле дома.

Надежниот возач од градот Огден, претходно имал „расправија“ со мајка си, по што решил да ѝ го украде автомобилот. Детето извозело околу пет километри, до Interstate 15. Еден од полицајците прашал: „Каде научи да возиш?“ Но, одговор не добил. Петгодишникот седел на работ на седиштето, колку да може да ја притиска сопирачката.

Сето тоа не било замислено како авантура, туку имало и цел. Бидејќи мајка му не сакала да му купи Lamborghini, тој седнал во автомобилот и тргнал за Калифорнија, за сам да си го купи спортскиот автомобил што го сакал.

Во неговиот џеб имало само три долари. Сепак ќе мора да мине уште долго време и уште повеќе труд, за овој авантурист што доспеа и до CNN, еден ден да може да издвои 200.000 долари за својот Lamborghini. При возењето не била направена штета.

Полициска Tesla ја прекина потерата: Батеријата се потроши

 

Претходна објаваАкумулаторот бара внимание додека возилата ни мируваат
Следна објаваFiat Chrysler во загуба 1,7 милијарда евра поради корона-кризата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here