Со купувањето на апликацијата за мобилност Moovit, гигантот Intel има за цел својата фирма ќерка Mobileye да ја развие во комплетен понудувач на услуги за мобилност.
Intel ги потврди своите намери за влез во бизнисот со новите услуги на мобилност, преку купувањето на апликацијата за мобилност Moovit, по цена од 900 милиони долари. Целта на оваа историска зделка е фирмата сестра Mobileye, којашто досега се занимаваше првенствено со софтвер и техника за автопилотирано возење, да прерасне во комплетен понудувач на услуги за мобилност. Тоа подразбира и служби за превоз со роботско такси.
Moovit им помага на корисниците да го организираат користењето на јавните превозни средства, вклучувајќи и врска со службите за користење на таканаречен микро-превоз или краен превоз, на пример со електрични тротинети.
Апликацијата од Израел функционира во 3.100 градови и има 800 милиони корисници. Оваа корисничка база и податоците што ги бележи апликацијата, биле главна причина за масивната инвестиција.

















