BYD ја започнува европската експанзија од Норвешка

BYD Tang EV600
BYD Tang EV600

Европскиот ограник на производителот на автомобили BYD од Кина денес ја објави стратегијата за продажба на електрични возила во Европа, како и плановите за проширување на понудата од доставни возила и камиони со погон на струја.

Кинескиот производител на електрични автомобили BYD ја стартува следната фаза од амбициозниот план за проширување на своето присуство на глобалниот пазар. По успешниот старт на бизнисот со електрични автобуси во Европа, BYD, кој се цени како светски лидер во електричните возила и пионер во развојот на напредна батериска техника, најави почеток на продажбата на новата генерација на својот електричен СУВ-модел Tang на пазарот во Норвешка.

Скандинавската држава е избрана како светски шампион во електромобилноста, поради највисокиот удел на возилата на струја во глобални рамки. Во текот на годината се планира на европскиот пазар да се понуди и цела гама од доставни возила и камиони со електричен погон. Пристигаат фургон, камиони од 7,5 и 19 тони и пристанишен влекач.

BYD Tang EV600 е меѓу најпродваните електрични возила во светот, со досег од 520 километри. Кинескиот производител цени дека неговото лидерство на пазарот на електрични автобуси во Европа ќе му годи и на имиџот како производител на плагин-хибридни и електрични патнички автомобили.

BYD Tang е електричен СУВ со постојан погон на сите тркала. Цената за Норвешка ќе биде позната подоцна во текот на годината, откако ќе стартува продажбата во скандинавската земја.

Пазарот во Кина се враќа во нормала, Tesla Model 3 најпродаван електромобил

Кина ја заживува продажбата на коли преку маски и ароматерапија

Претходна објаваMercedes изработи заштитни врати за возачите во автобусите Citaro
Следна објаваIntel ја купи апликацијата Moovit за 900 милиони долари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here