Во Швајцарија продадени 9.382 коли во април, како во кризата во 1970-те

Салон Женева девојка
Салон Женева девојка

Април ќе биде запаметен во историјата на швајцарскиот автомобилски пазар. Со вкупно 9.382 возила, во земјата во минатиот месец се продадени трипати помалку возила отколку во истиот месец лани. Уште од нафтената криза во почетокот на 1970-те години, во Швајцарија немало месец со помалку од 10.000 продадени возила. Салоните и сервисите отвораат повторно на 11-ти мај, се очекува повторно раздвижување на пазарот во богатата земја.

Вкупно во првите четири месеци, продажбата на автомобили во Швајцарија е 35,6 проценти во минус. Наспроти 100.685 возила во периодот од јануари до април лани, годинава се продале 64.834 нови автомобили. Единствена добра вест е тоа што возилата со алтернативен погон, во првиот квартал постигнале удел од 21,2 проценти. Околу половината од овие возила (9,8%) се електрични, односно се плагин-хибриди или чисто со погон на струја. Преостанатиот дел им припаѓа на класичните хибриди, кадешто по традиција доминира Toyota.

Се очекува продажбата на електричните возила да продолжи да опаѓа со текот на годината, затоа што корона-кризата може да ги наведе купувачите да избираат подостапни автомобили со обичен погон. Дополнителен фактор е тоа што продукцијата на електрични автомобили и досега беше под побарувачката, а за одредени се чека и цела година.

Увозниците во земјата бараат да не се менува одобрението за повторно отворање на салоните и сервисите во земјата на 11-ти мај

Швајцарските увозници бараат на авто-салоните и сервисите да им се дозволи да продолжат со работа по 11-ти мај, како што е најавено. На тој начин, автомобилскиот бизнис ќе добие шанса да надомести за последиците што кризата ги остави во продажбата на возила. Во летниот период обично се бележи повисока продажба на возила во земјата.

Skoda Octavia
Skoda Octavia е најпродаван модел во Швајцарија до март, голем дел од продажбата отпаѓа на варијантите со погон на сите тркала

Авто-асоцијацијата предвидува годинава во Швајцарија да се продадат околу 240.000 нови возила, или за 23 проценти помалку од лани. Тоа би бил најслаб резултат по четири и пол децении, од нафтената криза во почетокот на 1970-те години.

Од листата на најпродавани марки во Швајцарија до април повторно се покажува правилото дека премиум производите се повеќе отпорни на секаков вид кризи, па и на последиците од корона. BMW и Mercedes се втора и трета најпродавана марка, со драстично помал пад во продажбата, наспроти Peugeot и Opel кои се ниско на листата и имаат преполовена продажба.

Во следната табела се детално наведени продажбите на автомобилските марки на швајцарскиот пазар, во првите четири месеци од годината

https://photos.app.goo.gl/xnqf575yPN4XmLQz9

Топ 10 модели во Швајцарија, јан. – мар. 2020

МАРКА МОДЕЛ ВОЗИЛА
1 Škoda Octavia 1’600
2 VW Tiguan 1’348
3 Mercedes-Benz GLC-Klasse 999
4 Tesla Model 3 962
5 Mercedes-Benz A-Klasse 936
6 VW T6 897
7 Škoda Karoq 842
8 Volvo XC40 813
9 BMW X3 793
10 VW Golf 750

Претходна објаваНајвредните работници во Rolls-Royce произведуваат мед
Следна објаваXpeng личи и може колку Tesla, по половина од цената

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here