Како каросеријата на олдтајмерите се заштитува за „цел живот“

Заштита од корозија олдтајмери
Заштита од корозија олдтајмери

Најголемиот непријател на старите автомобили не е електриката, а уште помалку електрониката, туку корозијата. Тоа што е надмината тема за денешните автомобили, во минатото буквално има изедено цели моделски серии, во случаи кога производителите сакале да заштедат, или едноставно техниката што ја применувале имала пропусти, кои се покажале дури по повеќе години. Кус преглед за тоа како денес се врши заштита од корозија кај специјалистите за реставрација и како тие направија оваа тема да стане минато кај автомобилите од минатото.

Неколку вешто организирани настани и позитивниот одговор од публиката, која масовно ги посетуваше истите, доведе до тоа Македонија за првпат да добие сцена на олдтајмери, жива и богата. Настаните годинава изостануваат, од познатите причини, како и сите масовни собири, но тоа не значи дека помалку ќе ги сакаме олдтајмерите.

Многумина прво се прашуваат, колку и како е заштитена каросеријата на овие историски сведоштва што биле произведени пред пет, шест, многу децении. Тоа е мошне чувствително подрачје, што бара многу познавања и искуство. Тука само кусо, за основите на заштитата.

Првото е сосем јасно, за врвна реставрација на ветераните се потребни многу пари. Станува збор за суми со пет цифри. Тоа зависи од состојбата на олдтајмерот и од времето што треба да се вложи во него. Тоа што се прави еднаш, и по можност засекогаш, е спречување на корозијата. Најдобрата постапка за тоа се нарекува катодно лакирање со потопување (катафореза) и се применува при комплетна реставрација.

Каросеријата се врти по 10-15 пати во секој базен и минува низ десетина базени со различни средства и намена

https://photos.app.goo.gl/j6LMkURAaNMysWKW8

Постојат неколку адреси во Европа каде што се работи тоа, но како и во сите други подрачја, и за тоа постојат докажани специјалисти. Сепак не смее да се дозволи по неколку години да се појават застрашувачките кафени точки.

Голата“ каросерија се закачува на транспортна лента со помош на четири куки и се потопува во неколку базени едно по друго. Во еден од базените има напон. Струјата прави средството за заштита од корозија добро да се нафати на металот. Слојот боја што каросеријата го добива по оваа постапка, потоа се носи на печење во времетраење од еден час, на температура од преку 200 степени Целсиузови.

Напонот овозможува заштитното средство при катафорезата добро да се прилепи на каросеријата

https://photos.app.goo.gl/JEvJDK56v7KmsAdy6

Проблемот е во тоа што течноста при потопувањето не може да допре до сите делови на каросеријата. За таа цел, каросеријата обично се дупчи на неколку места, но и тоа не гарантира дека заштитата ќе ги опфати сите шупливи простори или заоблувања. Потребно би било каросеријата да се издупчи како швајцарско сирење, па човек да биде сигурен дека бојата ќе фати секаде.

Создавањето воздушни меури при потопувањето оневозможува средството да ги покрие тие површини. Тоа има фатални последици. Со помош на ендоскопија може да се провери ефикасноста на постапката. Но, по обичната катафореза само ќе се покаже дека бројни места остануваат незаштитени.

Доколку заштитата е извршена правилно, единствено механичко оштетување може да биде причина за појава на  корозија

https://photos.app.goo.gl/LUpZKPn4ZgYLJz846

Производителите се соочуваа со сериозни проблеми во првите години по воведувањето на катафорезата. Како решение, индустријата примени едноставна постапка – ротирање на каросеријата во базенот. Тоа се случува повеќепати, со цел да се отстрани и последниот воздушен меур.

Автоматското ротирање моментно го применуваат само неколку специјалисти за реставрација на олдтајмери во Европа. За разлика од големите производители, овие мали погони ја ротираат каросеријата по надолжната оска, како на ражен. Таа се врти 10 до 15 пати, во двете насоки. Каросериите може да се потопуваат во десетина базени едно по друго. За тоа е потребен цел работен ден.

Тоа е фазата по којашто историскиот автомобил добива душа, ја добива бојата

https://photos.app.goo.gl/FDbB2NgzX7NiQevg6

По базените за чистење и одмастување, следи базен со фосфатна заштита, по него се врши активација, па уште едно плакнење и чистење со деминерализирана вода. Дури потоа каросеријата се потопува во станицата за катафореза, со вода и со боја што е растворлива во вода. Течноста во овој базен е под постојан напон. Средството допира до секој дел од каросеријата, вклучувајќи ги варовите и најразлични споеви. Така се исклучува и последната шанса да се појави корозија.

Сцената на олдтајмери во Македонија дефинитивно поставена и функционира

Skopje Classic 2019
Skopje Classic 2019

Автомобил со историја во тек: Зелениот Mercedes W115 на Драган

Mercedes W115 Dragan Trajkovski

Претходна објаваАкумулаторот е најчеста причина за дефект
Следна објаваНајвредните работници во Rolls-Royce произведуваат мед

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here