Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ги пречека претседателот на Ferrari, Џон Елкан и заменикот претседател Пиеро Ферари во својата резиденција, кадешто му беше претставено последното купе на спортската марка од Маранело, Ferrari Roma.
„Ни претстсавуваше чест да го претставиме Ferrari Roma пред претседателот Матарела“, изјави Џон Елкан по заминувањето од претседателската палата. „Името на моделот го содржи најдоброто од нашата нација: Елеганција, иновација и технолошко совршенство. Тој е како бесценет камен на стилот и перформансите, што ќе наидува на обожување по патиштата ширум светот.“
Наскоро повеќе информации за Ferrari Roma.
https://www.instagram.com/p/B45hGvGBrze/
















