Казахстан го доби првиот суперполнач на Tesla

Казахстан го доби првиот суперполнач на Tesla
Казахстан го доби првиот суперполнач на Tesla

Во Казахстан е пуштен првиот суперполнач на Tesla. Тоа е исполнување на ветувањето што го даде Илон Маск, откако при најавувањето на Model Y, некој во публиката извика „Казахстан“, по што шефот на компанијата додаде дека електричната марка има бројни подржувачи во земјата. Откако публиката на тоа реагираше еуфорично, Маск вети дека ќе постави суперполначи во Казахстан.

Човекот што го поттикна овој чин, значаен не само за електромобилноста во земјата, се вика Ануарбек Иманбаев и на неговиот профил на твитер може да се види целата историска заднина на големото достигнување.

Првите суперполначи во Казахстан се поставени во 280-метарските кули Талан во главниот град Нур-Султан, односно Астана до март годинава. Во станицата се наоѓаат 6 суперполначи, со моќност до 120 киловати, а истата е покриена и со безжична мрежа.

Во почетокот можеби се чини безначајно тоа што Tesla отвора претставништво и поставува скапа станица со полначи во големата централноазиска земја и поранешна советска република. Но, овој навидум необичен потег на Илон Маск има огромно позитивно влијание врз имиџот на електричната марка од Калифорнија. Тоа е знак дека Tesla ги слуша желбите на своите обоживатели и ги исполнува ветувањата. Веста го обиколи светот, целата сцена на електромобилноста деновиве зборува дека Tesla пуштила суперполнач во Казахстан.

https://www.facebook.com/talantowers/photos/pcb.2603252586627814/2603387973280942

Златниот волан на Ауто Билд за Tesla Model 3

Претходна објаваНовиот модел на Ferrari на прием кај Претседателот на Италија
Следна објаваAudi добива нов шеф, поранешен менаџер во BMW

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here