Audi добива нов шеф, поранешен менаџер во BMW

Audi Маркус Дусман
Audi Маркус Дусман

Маркус Дусман ќе стане нов извршен директор во Audi на 1-ви април 2020 година. Педесетгодишниот машински инженер пристига на местото на Брам Шот, кој ја презеде службата лани во јуни. Дусман има тридецениско искуство во браншата, а претходното работно место му беше директор за набавки во BMW. Шот заминува од концернот на крајот на март.

Претседателот на надзорниот одбор на Audi AG и шеф на концернот Volkswagen, др. Херберт Дис, коментира за директорската смена: „Како исклучителен инженер, Маркус Дусман целосно ќе се заложи во издигнувањето на големите потенцијали на марката Audi, а со тоа повторно ќе ја нагласи веродостојноста на слоганот ‘Напредок преку техниката’“.

Првиот човек во концернот воедно му се заблагодари на актуелниот директор Брам Шот: „Тој го презеде раководството со Audi AG во тежок период, успешно го водеше бизнисот и направи важни промени. За тоа му се заблагодаруавам посебно.“

Меѓу главните смерници на новата стратегија на Audi спаѓаат забрзаната трансформација во понудувач на одржлива мобилност и решително намалување на емисијата на СО2 на компанијата.

Audi повторно ќе го менува шефот, новиот доаѓа од BMW
Audi повторно ќе го менува шефот, новиот доаѓа од BMW

Претходна објаваКазахстан го доби првиот суперполнач на Tesla
Следна објаваЕлектричното мини на Great Wall во Кина чини под 10.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here