Холандија ќе ја ограничи брзината на автопат на 100 km/h

Холандија ќе ја ограничи брзината на автопат на 100 km/h

На автопатиштата во Холандија моментно е дозволено да се вози најбрзо 130 km/h. Заради заштита на животната средина, земјата планира драстично да го спушти брзинското ограничување, на 100 km/h. Но, идејата е ова ограничување да важи меѓу 6 и 19 часот.

Холандските власти планираат дозволената брзина на автопатиштата да ја ограничат денски на 100 km/h. Според холандската информативна агенција АНП, така заклучил владиниот кабинет, во рамките на пакетот мерки што имаат за цел да ја заштитат животната средина. Премиерот Марк Руте најавил дека пакетот мерки ќе го претстави во среда, притоа не наведувајќи повеќе детали.

Како што објавува агенцијата, ограничувањето на 100 km/h би важело само денски. Меѓу 19 и 6 часот, на автопатиштата ќе смее да се вози најбрзо 130 km/h, исто како досега. Главната цел на пакетот е намалување на емисијата на азотни оксиди и други штетни материи.

Холандската полиција собрала 17 милиони евра од казни за телефонирање

Претходна објаваХолдингот Porsche SE го зголеми профитот за третина
Следна објаваНовиот Mitsubishi L200 пристигна во Макауто Стар: Пикапот станува модерен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here