Дитер Цече со пофални зборови за шефот на Tesla

diter cece hong kong
diter cece hong kong

Поранешниот претседател на Daimler, Дитер Цече, на еден јавен настап искажа пофални зборови за основачот на Tesla, Илон Маск. Свежиот пензионер сепак се сомнева околу стратегијата на калифорнискиот производител на електрични возила.

Дитер Цече, кој си замина од врвната раководна позиција во Daimler во мај, искажа големи пофалби за основачот на Tesla, Илон Маск. Како што објавува германскиот „Ханделсблат“, во рамките на еден јавен настап, Цече кажал: „Илон има мисија, тој сака да ги реши проблемите на човештвото.“ Притоа, Маск не се колеба да прифати ризици.

Шефот на Tesla пуштил во продажба „апсурдно брзи“ електрични автомобили и има постигнато големи заслуги за електромобилноста. Но, прво мора да се докаже дека Tesla може да биде успешен производител во подолг временски период.

Цече повеќепати имал средби со Маск за време на неговото шефување во Daimler. Концернот од Штутгарт пред десет години инвестираше масивно во компанијата од Силиконската Долина.

Акциите во Tesla купени за 50 милиони евра подоцна биле продадени за 800 милиони евра

Како што наведува „Ханделсблат“ за говорот на Цече, германскиот производител платил 50 милиони евра за десет проценти удел во акциите на Tesla. Неколку години подоцна, тие акции биле продадени за 800 милиони евра.

Дитер Цече, Хамилтон, Раиконен

Денес Tesla вреди 50 милијарди и не заостанува многу зад Daimler. Цече сепак не жали за откажувањето од американската комапнија, затоа што немало смисла за евентуално преземање. Тој ги наведува и проблемите на Tesla во сериското производство.

Покрај тоа, погрешна е стратегијата да се вложува во само една технологија, а Tesla го прави токму тоа со гигантската фабрика за батерии во Невада. Тоа ќе предизвика брзи промени на пазарот. Во подолг рок, Цече цени дека докажаните производители ќе го преземат приматот во електричниот погон.

BMW со поздравно видео за заминувањето на Дитер Цече од Daimler

Претходна објаваНаградна игра од Лукоил, главна награда автомобил
Следна објаваBMW стартува со производство на купе-лимузината од серијата 2

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here