Thyssenkrupp користи водород во производството на челик

проиѕводство на челик
проиѕводство на челик

Индустриските гиганти Thyssenkrupp и Voestalpine пробуваат производството на челик да го направат помалку штетно за животната средина и изградија пилот-постројка којашто користи водород како енергенс.

Австрискиот технолошки концерн Voestalpine и германскиот производител на челик Thyssenkrupp планираат производството на челик го направат помалку штетно за животната средина, користејќи водород. Најголемата германска челичарница денес започна со пилот проект во фабриката во Дуизбург, со тоа што дел од јагленовиот прав е заменет со водород во една од високите печки. Тоа е првпат во светот да се користи водород место јаглен во активна висока печка. На крајот на производството се добива „зелен челик“.

Voestalpine исто така стартуваше пилот-постројка во австрискиот Линц, којашто е дел од проект вреден 18 милиони евра. Станува збор за најголемиот систем за добивање водород по пат на електролиза, со цел да се постигне производство на челик без емисија на СО2. Концернот пробува дали може да користи хибридна технологија, со комбинирање на високи печки на кокс и јаглен, со електролачни печки што работат на струја и водород добиени од обновливи извори.

Енергија од обновливи извори е основен предуслов

Цел на Voestalpine е емисијата на СО2 да ја смали за една третина во следните 15 години. Услов за тоа е доволно енергија од обновливи избори да стои на располагање по достапни цени.

Во постројката во којашто се користи техника од Siemens AG, водата се раздвојува на основните состојки водород и кислород со помош на обновлива енергија. Водородот во подолг рок ќе ги замени енергенсите од фосилно потекло.

Toyota си произведува и водород за своите водородни возила

 

Претходна објаваНовата генерација на Skoda Octavia преоѓа во класа погоре
Следна објаваАутомакедонија e нов увозник и дилер за марката SsangYong

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here