Во минатиот месец, Mercedes испорачал 199.293 автомобили или за близу пет проценти повеќе отколку лани во октомври. Секако, уште еден рекорд за марката. До крајот на годинава, Mercedes ќе продаде далеку над два милиони автомобили.
Mercedes во октомври продал 199.293 на светскиот пазар, што го надминува и рекордниот октомври лани, со повеќе од 9.000 возила или со зголемување од 4,9 проценти. Поттик најмногу доаѓа од лимузината од A-Class и од новиот GLC. Добро врви и продажбата на лимузината и комбито од C-Class. Растат и вкупните продажби од почетокот на годината, со 1.924.536 продадени возила или за 1,0% повеќе од првите десет месеци лани.
Од почетокот на годината, Mercedes е најпродавана премиум марка во Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија, Белгија, Швајцарија, Полска, Португалија, Данска, Турција, Јужна Кореја, Австралија, Тајланд, Канада, Јужна Африка и други
Во Европа во октомври се испорачани 81.017 автомобили (+1,3%) на Mercedes – нов рекорд за октомври. На германскиот пазар биле продадени 30.763 возила (+5,3%). Рекордни продажби има и во Полска, Шведска, Португалија, Данска и Унгарија.
Се радуваме за позитивниот фидбек од клиентите за нашите нови модели. За GLC и за GLC Coupe дури имаме нов рекорд за октомври. GLC е на добар пат и во 2019 да биде најпродаван СУВ во понудата на Mercedes-Benz
Брита Зегер, директорка за продажба за Mercedes-Benz AG
За Азија и Пацификот се испорачани 80.312 возила (+10,9%), што исто така е рекорд. Секако, растот доаѓа од Кина, со 57.142 продадени автомобили (+13,8%) или вкупно 583.032 „мерцедеси“ од јануари до октомври (+5,8%). Топ-вредности има и во Јужна Кореја. Како клучен пазар во регионот на НАФТА, во САД се продадени 27.867 возила (+1,2%). напредува и Канада
Mercedes C-Class подолго од десет години е најпродавана моделска серија на марката; GLC има историски рекорд
Моделите од компактната класа постигнуваат одлични продажни резултати. Годинава се испорачани вкупно 546.100 примероци (+9,8%) од A и B-Class, CLA Coupé и CLA Shooting Brake (двата со дизајн на Славче Таневски, македонскиот дизајнер во Mercedes) и GLA. Во октомври имало раст од 3,3 проценти. Во светски рамки, најмногу напредува класичната лимузина во гамата на A-Class, како нова каросериска изведба. Кај CLA Coupé, продажбата напредува двоцифрено.
https://photos.app.goo.gl/DB9fYps8cMJ8HP9C6
Од C-Class, во лимузинска и комби изведба, во октомври се продадени 31.800 примероци (+6,5%), односно вкупно 335.100 возила годинава (+1,3%). Рекорди има и кај СУВ-моделите, со повеќе од 69.500 примероци (+2,2%) од GLA, GLC, GLC Coupé, GLE, GLE Coupé, GLS и G-Class. Двоцифрен пораст бележат новиот GLC и GLC Coupé, GLE и G-Class.
Преглед на продажбата на Mercedes-Benz Cars
| Октомври 2019 | Промена во % | До октомври 2019 | Промена во % | |
| Mercedes-Benz | 199.293 | +4,9 | 1.924.536 | +1,0 |
| smart | 8.469 | -24,4 | 96.245 | -10,5 |
| Mercedes-Benz Cars | 207.762 | +3,2 | 2.020.781 | +0,4 |
| Продажба на Mercedes-Benz по региони / пазари | ||||
| Европа | 81.017 | +1,3 | 773.550 | +0,6 |
| – Германија | 30.763 | +5,3 | 259.500 | +5,0 |
| Азија и Пацифик | 80.312 | +10,9 | 811.591 | +3,1 |
| – Кина | 57.142 | +13,8 | 583.032 | +5,8 |
| НАФТА | 33.264 | +1,5 | 298.411 | -2,1 |
| – САД | 27.867 | +1,2 | 252.079 | -0,3 |
Автомобил со историја во тек: Зелениот Mercedes W115 на Драган
https://www.instagram.com/p/B4fNyBJnjG_/
















