за

Германски град седум години без загинати во сообраќај

лиденшајд стар град
лиденшајд стар град

Градот Лиденшајд во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е посебно одликуван за достигнувањето, во периодот од 2012 до 2018 година да нема ниту едно загинато лице во сообраќај.

Меѓународната организацијата на проценители Декра четврта година одликува град во светски рамки што има постигнато најмногу во безбедноста во сообраќајот. На годинешнава манифестација во Брисел, наградата ја доби германскиот град Лиденшајд, во покраината Северна Рајна-Вестфалија.

Декра постојано ги следи статистиките на незгоди во градовите во голем број држави во Европа, САД и Јапонија, а од годинава и во Канада, Мексико и Австралија. Во статистиката на организацијата влегуваат градовите со повеќе од 50.000 жители, кои од 2009 година наваму имаат најмалку една година со нула загинати во сообраќајот. Градот Лиденшајд има околу 74.000 жители.

New item by Automedia MK / Google Photos

Појаснување за сликата – Градови без загинати во сообраќај во период од најмалку шест години · Неколку од градовите: (со повеќе од 50.000 жители): Фарнбороу, Крајстчрч, Филтон (В. Британија), Анеси, Иси ле Мулине, Сартрувил (Франција), Халмстат, Упсала, Сундсвал (Шведска), Монкалиери, Скафати, Багерија (Италија), Торент, Касерес, Марбеља (Шпанија), Харденберг, Верден, Катвик (Холандија), Вајмар, Франкфурт на Одра, Баден Баден (Германија)

Од организацијата посочуваат дека на овој начин се докажува оти визијата за сообраќај без загинати не е утопија, туку е реално достижна цел. Најмалку 1.100 градови ја достигнале целта, да нема загинати во сообраќајот на нивната територија, во периодот од 2009 година наваму.

New item by Automedia MK / Google Photos

Појаснување за сликата – Градови без загинати во сообраќај (зелено за градови што повеќе од 6 години имаат нула загинати, виолетово за градови што најмалку еднаш од 2009 година наваму имале нула загинати)

Во македонската статистика се забележува нагло зголемување на бројот на загинати по почетокот на увозот на стари автомобили во 2010 година, лани повторно имало намалување во црната статистика

Во минатата година, според податоците од Државниот завод за статистика, во Македонија во сообраќај загинале 133 лица. Од тоа, 27 лица биле пешаци, 3 велосипедисти, 3 мопедисти, 17 мотоциклисти, 70 возачи на автомобил (и патници), 1 возач на автобус (и патници), 8 возачи на камион и уште 4 лица што не се опфатени во претходните категории. Најмалку кобна била 2001 година, со 107 загинати лица во сообраќај.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

volkswagen golf gti tcr japonija

Golf GTI TCR отсега ќе го возат и јапонските ентузијасти

mercedes cla coupe prodazba

Октомври рекорден месец за продажбата на Mercedes